GSM Arena
Сликата е превземена од GSM Arena

Android мобилните телефони и таблет компјутери од Samsung покрај другото се познати и по TouchWiz, посебно развиениот кориснички интерфејс поставен врз оперативниот систем. Ова е нешто што на повеќето корисници им се допаѓа и кога избираат кој Android телефон да го купат, тоа ги насочува кон Samsung. Меѓутоа Samsung се познати и по големиот број на нивни апликации со кои што ги „преполнуваат“ телефоните. Ова се апликации кои што не се уникатни од некој аспект, туку повеќето се веќе достапни во нивна верзија од Google. Ова е нешто што и на повеќето корисници не им се допаѓа, па често бараат и начин како да ги избришат овие апликации.

Според информациите до кои што има дојдено порталот Re/code, Google исто така не се задоволни од степенот до кој што Samsung го „присвојува“ Android корисничкото искуство, па после подолго време се имаат решено за ова да го информираат Samsung. Можеби последната капка е корисничкиот интерфејс Magazine UX кој што го има на новите Galaxy таблет компјутери претставени на годинешниот CES 2014 настан. Овој кориснички интерфејс според многумина личи на комбинација на Windows Metro дизајнот и Flipboard.

samsung-magazine-ux

Така, според информациите Google има побарано од Samsung да го намали менувањето на Android и форсирањето на апликации кои што се веќе достапни од Google. Наводно Samsung ги има прифатено овие сугестии, па можно е менување или целосно откажување на новиот Magazine UX, како и истакнување на Google апликациите на нивните телефони, наместо сопствените.

Извор: Re/code

Претходна статијаНов 3D принтер што работи со јаглеродни влакна
Следна статијаLenovo ThinkPad 8 бизнис таблет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.