Mozilla_Firefox_1.0_front_page_screenshot

Можеби повеќето корисници не се точно запознаени со почетоците на овој прелистувач и го паметат од неговото официјално претставување пред 10 години. Firefox започнува како open source верзија од тогаш популарниот Netscape Communicator прелистувач кој што во одреден период успеваше да му конкурира на тогаш главниот Internet Explorer. Сепак развојот на Netscape застанува, по што после неколку години Firefox започнува да ги освојува корисниците.

За разлика од Netscape, Firefox успева во својата намера и за повеќето нови и напредни корисници станува прелистувач број еден. Направен со отворен код и наменет да му служи на корисникот, многу брзо го надминува до тогаш веќе „подзаспаниот“ Internet Explorer кој што заостануваше со доста од веб стандардите, а посебно во делот на прилагодување на прелистувачот, како и познатите табови.

Оваа недела од Mozilla претставуваат неколку нови функции, како и проекти кои што треба да го задржат концептот на прелистувачот, како отворен прелистувач направен да им служи на корисниците, а не на компаниите. Иако не е време за нова верзија, односно не се поминати шесте недели, достапна е 33.1 верзијата од овој прелистувач која што донесува две новини.

Всушност не се работи за целосно нови функции, туку повеќе нов начин за истите да бидат истакнати за корисникот. Функциите треба да ја зајакнат приватноста на корисникот кој што е следен од се повеќе страни, а исто така го дели компјутерот со повеќе корисници.

forget

За корисниците кои што сакаат да ги избришат остатоците од нивното сурфање, додадено е ново копче Forget со чие што притискање се добива можноста на многу поедноставен начин да се избришат историјата, колачињата и сличните остатоци од изминатите 5 минути, 2 или 24 часа. Ова како што нагласив веќе е достапно, а сега треба да биде многу подостапно и едноставно за користење и од страна на не толку напредните корисници.

Исто така, DuckDuckGo пребарувачот е прединсталиран со Firefox и корисниците може да го користат од лентата за пребарување. DuckDuckGo е познат по тоа што не чува никакви информации од вашите пребарувања за анализа или подобрување на резултатите, со што можеби се губат одредени предности, меѓутоа се добива приватност. Google и понатаму останува стандардниот пребарувач, со тоа што корисниците полесно ќе можат да дојдат и до претходниот.

Покрај оваа верзија, од Mozilla ја најавија е новата Firefox Developer Edition верзија која што наменета за програмерите со соодветни алатки. Исто така, Mozilla ја претставува и Polaris иницијативата преку која што ќе се работи на изнаоѓање на подобри решенија за приватноста на корисниците.

Извор: Mozilla Blog 1, Mozilla Blog 2, ZDNet

Претходна статијаLG G3 ќе го добие новиот Android 5.0 Lollipop почнувајќи од оваа недела
Следна статијаBlack Week акција – цела седмица на производи по екстремно ниски цени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.