Mozilla, организацијата која стои зад развојот на еден од најпознатите интернет прелистувачи, Firefox, започна процес на промена на логото на прелистувачот, како и соодветните логоа на апликациите и поврзаните сервиси.

Идејата зад овој процес е да се вклучи и заедницата која ќе може да го даде своето мислење, а со тоа да помогне во одлуката во кој правец да се отиде со промените. Како и да е, не се работи за гласање или било какво обврзувачко вклучување, ниту вклучување преку испраќање на сопствени дизајни.

Новите дизајни се поделени во два правци, а и двата ја задржуваат познатата лисица во некаква форма. Едниот правец има повеќе геометриска форма, додека вториот може да се каже дека е нешто посличен со моменталниот бренд стил на Firefox.

Двата правци се претставени на следната слика, а доколку сте заинтересирани и имате што да кажете да темата, можете да го оставиме вашиот коментар подолу на оваа статија или на блогот од Mozilla на следниот линк.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статија„Изгубени“, безвремениот телевизиски феномен пристигнува на Пикбокс
Следна статијаHuawei се искачи на второ место во производство и пазарен удел на паметни телефони во светот со импресивен Q2 перформанс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.