Историјата продолжува со moto g6 и moto e5  

Пред 5 години Motorola се фокусираше на тоа да им понуди на корисниците квалитетни смартфони со врвни карактеристики по повеќе од достапна цена. Тоа требаше да бидат нови уреди со модерен дизајн кои ги претставуваат најновите иновации во технологијата, а не стари модели по пониска цена.

Оваа година продолживме да ја следиме истата линија со најновите модели од moto g и moto e сериите. Овие уреди ги комбинираат иновациите кои се најважни за вас со уште поинтелигентни функционалности кои се фокусираат на екранот, дизајнот и моќноста. Работат со Qualcomm® Snapdragon™ процесори, користат Android™ 8.0 Oreo™ и ги поддржуваат Moto Experience ексклузивните функции кои ги отклучуваат можностите на вештачката интелигенција.

Семејството moto g нуди по нешто за секого. Moto g6 plus ви дава интелигентна камера и импресивни перформанси; moto g6 е за луѓе кои бараат импресивен дизајн и иновативни функции; со moto g6 play можете да бидете сигурни дека без никаков проблем ќе ги завршите сите ваши секојдневни задачи, без да треба да ги одложувате за следниот ден.

Со moto z3 play го преуредивме пазарот на уреди од средна класа

Доказ за нашата решителност да ги направиме уредите од високата класа достапни за поширок круг на корисници е moto z3 play кој го претставивме оваа година. Не само што нуди одличен квалитет, премиум мобилно искуство и функции од најновата генерација, туку и импресивни 40 часа траење на батеријата со moto mod™. Серијата moto z и moto mods™ ги надминуваат ограничувањата на традиционалните смартфони, така што ви даваат софистицирани функции со само еден клик. Модуларната технологија го трансформира вашиот moto z3 play во уникатно мобилно искуство, прилагодено на вашите потреби. Moto z смартфоните го прават она што никој друг телефон не може, по цена на која никој не може да ѝ конкурира.

Влеговме во историјата со нашиот 5G moto mod

Зборувајќи за модули… Откако во последните две години непрекинато ги ширеше можностите на смартфоните со подобри функции за фотографирање, звук, траење на батеријата и многу повеќе, оваа година Motorola го ослободи потенцијалот на moto mods™ на сосема нов начин, претворајќи се во првиот производител кој понуди на пазарот технологија со 5G. Со до 10 пати повисока брзина од современата безжична технологија, помало задоцнување и поширок опсег на фреквенција, пристапот до 5G мрежи ќе ја зајакне мобилната поврзаност и драстично ќе го подобри смартфон искуството.

Во ноември прославивме уште еден голем чекор напред кон исполнувањето на оваа цел. Користејќи ја трговската мрежа 3GPP 5G New Radio (NR) во Провиденс, Роуд Ајленд и 28 GHz фреквенција на Verizon, успеавме да го реализираме првиот успешен тест на пренос на податоци со moto z3, споен со 5G moto mod™. Овој успешен тест беше реализиран со истиот уред кој корисниците ќе го користат во 5G мобилната мрежа на Verizon. Тоа е следното постигнување во областа на 5G на Verizon и нивните партнери во рамките на последните неколку месеци на патот кон обезбедување на 5G мобилни услуги во 2019 година. 

Ново дополнување на нашето големо семејство – motorola one

Оваа година поздравивме нов член во семејството на Motorola – motorola one. Со него можете да бидете сигурни дека секогаш сте онлајн, информациите ви се заштитени и дека сте подготвени за сите неочекувани моменти што ги нуди животот. Подолготрајна батерија, неограничен простор за чување на фотографии и видеа, подобрени бебедносни функции – motorola one ви ја дава самодовербата дека можете да направите сè што ќе посакате, кога и да посакате. Тој е интелигентен, практичен и целосно создаден со мисла за вас. 

90 години Motorola… славиме историски бренд

И за крај, но не и помалку важно, на 25 септември ја прославивме 90-годишнината на компанијата. На тој ден во 1828 год. во Чикаго, со само еден производ и пет вработени, браќата Пол и Џозеф Галвин ја создаваат компанијата – претходник на Motorola – Galvin Manufacturing Corporation. Низ годините, Motorola имаше многу поводи и возбудливи моменти за славење. Од радијата за во автомобил, преку телефоните со капаче, до смартфоните; од првите текстуални пораки до преносот на податоци во 5G мрежа – останавме доследни на нашата цел да ги поминуваме границите кои стојат пред иновациите и да ги правиме технологиите достапни за сите корисници во максимално поедноставен формат.

 

За Motorola 

Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.

За Lenovo 

Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома. Решенијата за центри за податоци од новата генерација на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете нè на www.lenovo.com/mk/mk/.

Претходна статијаТри лидерски лекции од бившиот премиер
Следна статијаБидете меѓу првите што ќе го пробаат новиот Microsoft Edge направен со Chromium