Motorola има нов менаџер за продажба кој ќе биде одговорен за развојот на бизнисот во Бугарија, Албанија, Косово и Македонија. Владимир Велков, кој ќе ја преземе функцијата, има долгогодишно искуство во продажбата на потрошувачка технологија. Неговата кариера започнува во GloBul, по што преминува во Solytron и Philips и Gibson каде што последно е раководител на бизнис развојот и продажбата на компанијата за земјите од Јужен Балкан.

Велков дипломирал Екологија на универзитетот “Св. Климент Охридски” во Софија. Ова е сфера на која продолжува да биде посветен во своето слободно време. Како менаџер за продажба во Motorola, тој ќе биде одговорен за исполнувањето на поставените цели, ќе се фокусира на исполнувањето на плановите во однос на развој на бизнисот во доверените земји, оптимизирање на каналите за продажба, зголемување на резултатите. Во подолгорочна перспектива ќе има за задача да успее заедно со тимот да ги предаде на помладата генерација силната емоција и долгогодишните традиции кои Motorola ги носи во себе.

Во Motorola најмногу го привлекол професионалниот пристап на тимот, а особено на генералниот менаџер за Југоисточна Европа, Владислав Иванов. Ентузијазмот, амбицијата и верата, со која зрачи тимот, ме натера да кажам: “Сакам да сум дел од ова” и драго ми е што ми се случи”, признава Велков.

Решавачко влијание врз неговиот избор има и неговиот интерес за бизнис категоријата “Мобилни уреди”, која е исклучително динамична и конкурентна.

За да ги постигнеш целите, потребно е внимание на секој детал, кретивност, брзи и соодветни реакции. Тоа ми се допаѓа и само по себе те развива како човек и професионалец. Од друга перспектива, Motorola е една од малкуте компании каде имаш можност да покажеш што можеш, имаш можност да донесуваш одлуки и да поставуваш бизнис насоки. Тоа е место, каде што има дијалог со повисоките нивоа на менаџмент. А всушност – тоа значи многу! И последно, но не и најмалку важно – тоа е MOTOROLA! Толку многу историја, толку многу значајни технолошки иновации, претставени низ годините. Привилегија е да бидеш дел од сето тоа”, вели Владимир Велков.

Верувам, дека Владимир е најдобриот избор кој можеме да го направиме и среќен сум што тој веќе е дел од нашиот тим. Се движиме по план и успешно ја следиме нашата стратегија, така што 2019-та година ќе биде интересна и предизвикувачка како во однос на бизнис можностите, така и во однос на претставувањето на производи.”, вели Владислав Иванов за новото назначување.

Дефинитивно, за мене ќе биде чест да го развивам бизнисот на толку легендарен бренд, познат по бројни иновации и технологии без преседан – слетувањето на Месечината, првиот мобилен телефон во светот, емблематичниот RAZR за кој светот зборува и денес и многу повеќе. А и секогаш ми бил омилен слоганот “Hello Moto” и верувам, дека тоа не е случајно.”

Владимир се дефинира како добар и балансиран човек кој сака да комуницира со различни луѓе. А сепак, најценето му е времето поминато со семејството.

Претходна статијаHuawei го претстави својот прв 5G уред – 5G CPE Pro
Следна статијаVivo Apex 2019 е концепт телефон без физички копчиња, сензор за отпечатоци на целиот екран и 12 GB RAM меморија