Двете страни потпишаа тригодишен договор за спонзорство. Логото на Motorola, чие седиште е во Чикаго ќе стои на официјалните и на дресовите за тренинг на фудбалерите за целото времетрање на партнерството.

Новата опрема официјално беше претставена на медиумите од светскиот шампион и централен играч од средниот ред на Chicago Fire, Bastian Schweinsteiger, капитенот на тимот Dax McCarty и носителот на “Златна копачка” за 2017 год. Nemanja Nikolić.

Дресовите ќе бидат достапни во трговската мрежа за фановите на клубот од 1 март.

Исклучително сме воодушевени, што Motorola е нашиот нов партнер. Станува збор за глобално препознатлив бренд кој исто како и нашиот тим се гордее со своите корени од Чикаго. Со нетпрение очекуваме да ја претставиме Motorola на фановите на MLS (Major League Soccer, највисоката дивизија на фудбалското првенство во САД) и на фудбалот воопшто”, вели оперативниот директор на Chicago Fire, John Urban.

Како компанија која го започнала својот долг и успешен пат токму во Чикаго, ние сме среќни да го поддржиме својот роден град преку партнерството со Chicago Fire Soccer Club, забележува Rudi Kalil, потпретседател и генерален менаџер на Motorola за Северна Америка. Исто како Motorola, Chicago Fire силно се движи напред, решен да победи. Тоа непосредно кореспондира со нашата корпоративна мисија и го прави партнерството уште полесно.

Во целиот период од договорот, играчите на Chicago Fire ќе користат Motorola смартфони и додатоци за да создаваат интересна и богата визуелна содржина за социјалните медиуми.

Ова е уште едно партнерство со кое Motorola ја демонстрира својата поддршка на заслужните спортисти низ целиот свет. Пред само еден месец, компанијата стана официјален спонзор на кошаркарскиот тим Indiana Pacers.

За Motorola

Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.

За Lenovo

Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома. Решенијата за центри за податоци на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете не на www.lenovo.com/mk/mk/.

Претходна статијаЗаврши 7мото издание на Global Game Jam Macedonia
Следна статијаSamsung ќе ја замени пластиката во пакувањата за производите со еколошки материјали