Новата учебна година е на својот почеток. А важен дел од обврските околу подготовките во овој период е и изборот на нов мобилен уред кој станува се потежок имајќи го во предвид големиот број на понуди на пазарот.

Motorola, еден од производителите на смартфони, им нуди на потрошувачите специјален избор на уреди со одлични спецификации по пристапни цени. Искористете го претстојниот викенд за да ги погледнете.

За најмалите ученици

Одлучивте дека сакате постојано да бидете поврзани со вашето дете и дека е време да му го купите првиот смартфон? Motorola ви го предлага Motorola moto e5 со кој ќе бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор. Со 5.7” Max Vision екран, moto e5 ќе биде одличен за вашето прваче, а исто и како прв телефон за секое дете. Моќната 4000mAh батерија обезбедува енергија за целиот ден, со што ќе бидете сигурни дека ќе можете да се поврзете со него во секое време. И што е најважно – moto e5 нуди комплет од сите неопходни карактеристики за едно дете по повеќе од пристапна цена преку која лесно ќе поминете – дури и ако уредот биде украден, изгубен или испуштен во училишниот двор.

За основци

Motorola moto g6 play е следниот предлог од Motorola, погоден за постарите ученици. Со моќниот 1.4 GHz 8-јадрен процесор тие ќе можат да отвараат слики, да користат апликации и се останато без сецкање и без задоцнување. moto g6 play има 8 MP предна камера која обезбедува добри резултати дури и при слаба светлина, за да можат возбудата и забавата за време на одморот меѓу часовите да бидат забележани. Задната 13 MP камера има автофокус со детекција на фазата кој гарантира брзо фокусирање и фотографии со одличен квалитет. Не случајно, токму овој модел од целото moto g6 семејство е најпродаван во Европа.

За средношколци

Motorola moto g6 е совршен уред за тинејџерите кои веќе можат да направат свој избор и се особено критични кон дизајнот.

Motorola moto g6 се одликува со заоблен стаклен 3D дизајн, а екранот гарантира светли и живи бои за фотографии, видеа и игри. Со напредни функционалности, камерата гарантира портрети со квалитет како од студио и уметнички црно-бели фотографии. Забавните филтри за лице, заедно со двојната 5MP + 12 MP задна камера, ќе се погрижат секоја фотографија да биде совршена. Со специјалната функција на moto g6 – spot color (“акцент на боите”), тинејџерите ќе можат да задржат само една боја на сликата и да направат сè останато во црно-бело – ја насочуваат камерата кон слаткиот шејк од јагода и ја задржуваат неговата црвена боја, а сè останато станува црно-бело. Но тоа не е сè. Камерата на moto g6 препознава објекти, како и текст, нудејќи детални и корисни информации за нив и освен за забава може да биде корисна за средношколците со практична, образовна цел.

Претходна статијаApple ја претстави четвртата генерација од нивниот паметен часовник
Следна статијаHuawei го презентираше новиот Mate 20 lite во Македонија