Изминатата година ја одбележавме десетгодишнината од основањето на Македонија2025 и навистина сме задоволни со постигнатиот напредок. Напорите за подигање на свеста за зголемено инвестирање и континуираната поддршка за амбицизоните претприемачи и бизнис лидери е она што ја прави организацијата толку значајна за економскиот напредок на Македонија. Со големиот број на успешно организирани работилници, семинари, бизнис-форуми, тркалезни маси, програми за лидерски развој и настани за вмрежување низ годините, помогнавме во градењето на капацитетите на идните македонски бизнис лидери, притоа подобрувајќи ја перцепцијата за земјата, како на домашен, така и на надворешен план.

Ние сме независна, невладина, непрофитна и неполитичка организација со единствена цел за придонесување кон економскиот развој на Македонија. Административните трошоци на организацијата се покриени од годишните членарини на членовите на Одборот на директори, а сите други собрани средства се користат во поддршка на образованието и бизнисите во Република Македонија.

Со здружените напори на сите членови, нашиот најзначаен настан Самитот Македонија2025, уште еднаш ги надмина очекувањата. Оснажувачки за нас беше да се слушнат реакциите на учесниците и сега гордо може да кажеме дека Македонија е домаќин на еден од најреномираните бизнис настани во Југоисточна Европа, кој инспирира делување и промени. Во 2017-та, Самитот  беше посетен од над 450 делегати и од него произлегоа одлични препораки за економски раст како на земјата, така и на регионот. Покрај Самитот, низ годините организиравме и настани во Париз, Виена, Стокхолм, Торонто и Мелбурн, со цел промовирање на Македонија и градење врски со дијаспората.

Нашите програми за лидерски развој беа збогатени со дополнителна стипендија за Зафировски-програмата за напреден менаџмент при бизнис-школата Келог (Келог Kellogg School of Business) на Универзитетот Нортвестерн (Northwestern University) во Чикаго. Исто така, ја отпочнавме и програмата за претприемачи на семејството Битов, во партнерство со Canadian Executive Service Organization – CESO, за да обезбедиме менторство и советување за малите бизниси и претприемачи во Македонија. Меѓу другото, спроведовме уште едно успешно издание на ЛИДЕР проектот –најдобрата бизнис програма за македонски млади бизнис-професионалци.

Континуирано сме посветени на градење подобри внатрешни капацитети за да обезбедиме што повеќе услуги на членовите, поддржувачите и инвеститорите. Бројот на вработени постојано се зголемува и имаме посветени членови на Одборот на директори, почесни членови, клуб на амбасадори и останати пријатели, кои се постојано заземени за лидерство и извонредност, постигнувајќи видливи резултати, планови и програми.

Со гордост објавуваме дека во 2018-та, Одборот на директори ќе се прошири со пет нови членови, кои ќе донесат разновидни знаења и стручност. Среќни сме што кон Одборот ќе се приклучат следниве докажани професионалци:

  • Михаил Матески, Генерален менаџер и партнер на Greentech, Србија и Црна Гора
  • Алек Ицев, Менаџер за инженерство во Google, САД
  • Кати Ицева, Главен менаџер за софтверско инженерство во Microsoft, САД
  • Јана Марин, член на Одборот на директори и Заменик главен извршен директор на болницата Аџибадем Систина, Скопје; и
  • Џери Наумоф, Главен извршен директор на Taskforce BPO, Македонија. 

За оваа година имаме навистина интензивна агенда со настани низ Македонија, регионот и светот. Остануваме посветени на главните цели за привлекување странски инвестиции, зајакнување на врските со професионалците од дијаспората, како и зголемување на бројот на програмите за лидерски развој. Годинава, ќе спроведеме Трговска мисија и студиска тура во Ерменија, со цел ширење на идејата за бизнисот и образованието како движечки сили за стабилен и одржлив развој. Исто така, со нашите истражувачки и аналатички активности, ќе продолжиме да даваме релевантен придонес кон македонските креирачи на политики, при што ја лансираме и целосно исполнуваме иницијативата за „тинк-и-ду тенк“ (Think-and-Do-Tank). Новоформираниот Совет на експерти само ќе привлече уште поголем број на непроценлив талент, придонесувајќи за целокупниот позитивен напредок на Реублика Македонија, на тој начин подобрувајќи ги животите на граѓаните, како во земјата, така и во светот.

Се радуваме на она што сите заедно можеме да го постигнеме во 2018-та и годините што следат. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страна www.macedonia2025.com.

Претходна статијаМакедонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти
Следна статијаApple работи на iPhone со закривен екран и гестикулации за контрола на уредот?