microsoft-ocp

Microsoft се приклучи на Open Compute проектот и ги направи достапни нивните дизајни на дата центрите што моментално ги користат. OCP е проект започнат од страна на Facebook пред 3 години со цел да со заедничка работа дојдат до дата центри кои што ќе придонесат во заштедата на ресурсите што истите ги користат. Од Facebook пред некој ден изјавија дека од почетокот на овој проект тие имаат заштедено повеќе од 1 милијарда долари во своите дата центри.

За тие што не се целосно запознаени, дата центри се огромни простории каде што се сместени серверите на кои што работат познатите сервиси, како на пример Facebook. Значи нивната опременост, начин на работа, модернизација директно влијаат на искуството што корисниците го имаат со овие познати сервиси. Поради големината на сервисите, земете во предвид само колку корисници има Facebook и колку тие се активни на дневна база, дата центрите што ги имаат ваквите компании се огромни, а трошоците што тие ги генерираат се мерат во милијарди долари.

Преку Open Compute проектот се развиваат посебно направени дата центри, односно нивни составни делови, како што се серверите, рековите, напојувањето, ладењето, каблите и слично. Истите се јавно достапни и сите заинтересирани компании може да ги користат нивните дизајни во нивната работа. Овој проект претставува еден вид на open source за дата центрите.

Со приклучувањето на Microsoft на овој проект ќе станат достапни за јавноста дизајните на дата центрите што ги користи за нивните најпознати и користени сервиси како, Windows Azure, Office 365, Bing и други. Според нив, тие ги ставаат на располагање на заедницата најновите дата центри кои што тие ги развиваат во последните 25 години и за чии развој имаат вложено повеќе од 15 милијарди долари. Покрај споделување на хардверските спецификации, Microsoft ќе го направи достапен кодот, односно ќе го направи open source кодот на софтверот кој што го користат за менаџирање на работата на хардверот. Овој софтвер е задолжен за дијагноза на серверите, напојувањето и контрола на системот за ладење.

microsoft-server-design-640x564

Според Microsoft со нивниот дизајн на дата центрите се постигнува 40% заштеда при купување на серверите, 15% заштеда на електричната енергија, 50% намалување на времето потребно за поставување на серверите и сервисите. Исто така според нив, тие во нивните повеќе од милион сервери имаат заштедено повеќе од 1.700 километри на кабли, како и повеќе од 10.000 тони метал.

Пристапувањето на Microsoft на OCP не значи само давање на нивните дизајни, односно тие ќе добијат пристап до сите проекти на кои работи оваа заедница досега.

Тие што се разбираат повеќе на оваа тема може да прочитаат нешто повеќе за спецификациите на дата центрите на следниот линк.

Извор: Microsoft Blog

Претходна статијаНадграден Viber за Windows Phone на верзија 4, донесува нови функции
Следна статијаGeeksphone Revolution, мобилен што ќе работи на два оперативни системи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.