Satya1_web

Денеска одборот на директори на Microsoft донесе одлука со која што Satya Nadella ја презима функцијата Главен извршен директор на компанијата. Со тоа се потврдија информациите кои што кружеа последните недела дена. Microsoft беше во фаза на избор на нов директор после најавата на Steve Ballmer дадена минатото лето дека планира да се повлече од функцијата во наредните година дена. Според одредени информации одлуката на Ballmer не е целосно негова, односно од него било побарано да се повлече поради послабите резултатите кои што ги има компанијата, посебно на пазарот за таблет компјутери и мобилни телефони.

Satya Nadella со оваа одлука станува третиот по ред Главен извршен директор на Microsoft, после Bill Gates и Steve Ballmer. Nadella има 46 години од кои што во Microsoft има поминато 22. Роден е во Индија во градот Hyderabad каде што го има завршено електро факултетот на Mangalore Универзитетот. По неговото доаѓање во САД завршува факултет за компјутерски науки на Универзитетот Wisconsin-Milwaukee. Во 1992 година кога ја добива понудата од Microsoft ги започнува и завршува магистерските студии од областа на бизнисот. Во Microsoft во главно има работено на развојот на Cloud сервисите, како и сервисите наменети за бизнис корисниците. Платформата на која што тој работи последните години е платформата на која што работат најпознатите сервиси на Microsoft, како што се Bing, Office 365, Skype, Xbox Live и слични.

На следното видео можете да го погледнете неговото прво интервју по преземањето на новата функција во Microsoft.

Втора одлука која што ја има донесено одборот на директори е смената на Bill Gates од позицијата Претседател на одборот. Gates останува во одборот на директори и добива нова функција која што го носи името Основач и Советник за технологија (Founder and Technology Advisor). Оваа одлука исто така беше дел од информациите кои што беа достапни последните недела дена, кои кажуваа за блискоста на Gates со Nadella и неговата можна нова улога после неговото преземање на директорската позиција. Како што изјавува Gates во следното интервју, тој ќе може третина од своето време да одвои за состанување со групите и тимовите во Microsoft на кои што ќе може да придонесе.

На местото на Gates на позицијата Претседател на одборот на директори доаѓа John W. Thompson кои што е независен член на одборот кој што ја водеше потрагата по новиот директор на компанијата.

Во продолжение можете да ги погледнете обраќањата на новиот Претседател на одборот, како и веќе поранешниот директор Steve Ballmer.

Претходна статијаSamsung го најави Unpacked настанот на кој што е можно да го претстави Galaxy S5
Следна статијаПоставувајте прашања преку слики со Jelly за Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.