Познатата Мери Џо Фоли која пишува за ZDNet и уште неколку медиуми и важи за една од најмногу запознаените личност со работењето на Microsoft, излезе со оваа нова информација. Според неа, Microsoft спрема нов сервис преку којшто ќе наплаќа месечна претплата за користење на Windows 10 уреди.

Целта на овој сервис, којшто би им се нудел на компаниите, е да им се овозможи да ги имаат потребните уреди за работа кои ќе дојдат со Windows 10, ќе бидат конфигурурани и спремни за потребната работа и ќе ги добиваат сите потребни надградби на оперативниот систем.

За овој сервис компаниите би плаќале месечна претплата во која ќе бидат вклучени сите овие услуги, како и самиот уред којшто ќе се изнајмува.

Името на сервисот треба да биде Microsoft Managed Desktop и на компаниите ќе им овозможи да не размислуваат за тоа од каде ќе го купат хардверот потребен за нивната работа, како и целосно прилагодување на тој хардвер.

Одржувањето на компјутерите потребни за работата на една компанија не е мала и едноставна работа, а посебно со честите надградби кои се дел од Windows 10. Со овој сервис Microsoft ќе преземе дел од овие обврски и ќе им овозомжи на компаниите функционални компјутери без проблеми во работата.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаGoogle Chrome ги означува страните кои не користат SSL како несигурни
Следна статија„Изгубени“, безвремениот телевизиски феномен пристигнува на Пикбокс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.