microsoft-heart-linux-copy

До неодамна, ова беше скоро незамисливо. Microsoft, поточно нивниот поранешен извршен директор, велеше дека Linux е „рак“ во софтверскиот свет, додека Google пак не сакаа да чујат за .NET, односно беа исклучиво насочени кон JAVA со својот Android оперативен систем.

Сепак, денес компанијата од Редмонд важи за најотворената софтверска компанија во светот, за што доказ е и поддршката на Ubuntu Linux дистрибуцијата во Windows 10. Поддршката на Linux тие само ја потврдија со влез во Linux фондацијата, што според директорот на Linux е чекор со кој Microsoft многу подобро ќе соработува со “open source” заедницата.

Ова е само една од одлуките на Microsoft која наиде на лавина позитивни реакции во светот на дивелоперите. Тие неодамна ја направија .NET платформата “open source”, а го направија Visual Studio достапен и на Mac OS оперативниот систем.

На Google пак не му остана ништо друго освен да го прифати новиот начин на функционирање на конкурентот, особено заради можноста за влезот во корпоративниот свет, кој користи исклучиво .NET, а не JAVA. На овој начин, Google ќе може да понуди многу помоќни клауд решенија, каде моментално заостанува за Azure на Microsoft.

Сите овие потези на големите софтверски компании се само придобивка за дивелоперите и крајните корисници. На овој начин, развојот на нови софтвери, платформи и алатки драматично ќе се забрза и ќе се олесни интеграцијата на различни решенија од различни платформи.

Извор: ARS Technica, The Verge, Tech Crunch

Претходна статијаТелефоните на BLU праќале ваши пораки и контакти во Кина
Следна статијаВреме е за стартап – Пасијата е она што го движи човекот напред