icon-512x512-285x285

Microsoft инвестира 15 милиони долари во Foursquare почнувајќи повеќе годишно партнерство. Исто така Microsoft ќе ја лиценцира базата на локации која што ја поседува Foursquare вклучувајќи ги податоци во нивните сервиси како Bing, а и поголема интеграција во Windows Phone и Windows.

Foursquare поседува база од 45 милиони корисници, 60 милиони записи, како и 5 милијарди чекирања од корисниците. Сеуште не се објавени повеќе детали околу партнерството, односно на кој начин Microsoft планира да ги користи овие податоци. Она што се претпоставува е дека податоци од Foursquare ќе бидат вклучени во резултатите од пребарувањата преку Bing, а најмногу во ситуации каде што ќе биде овозможено предложување на одредени локации. Се верува дека ќе биде направена и поголема интеграција со сеуште ненајавениот персонален асистент Cortana, што треба да биде Windows Phone верзија на Siri.

Microsoft ќе добие пристап до податоци кои што се повеќе од тие што ги добиваат досегашните програмери кои ја користат Foursquare платформата во нивните апликации.

Претходна статијаFujitsu претстави нов конвертибилен Ultrabook и најави нова GRANNOTE линија на лаптопи
Следна статијаInside, апликација за навигација во затворен простор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.