microsoft-samsung

Можеби мобилниот оперативен систем на Microsoft има многу мал удел во пазарот, меѓутоа тоа не значи дека компанијата не заработува огромни пари од продажбите. Стана актуелно во изминатите години големите компании да купуваат што повеќе патент лиценци, што направи да поседуваат огромен број на лиценци од патенти кои што не се нивни, нешто што е целата намена на патентирање на некој изум.

Microsoft поседува одредени патенти поврзани со Android оперативниот систем, па производителите на уреди и плаќаат на компанијата одредена сума за секој продаден уред. Во 2013 година Microsoft имаше повеќе од 1 милијарда долари приходи само од ваквите договори.

Со оглед на фактот дека Samsung е најголемиот производител на мобилни телефони, односно барем беше изминатите 2 години, парите кои што оваа компанија треба да ги исплаќа на Microsoft се огромни. Тие имаа склучено договор пред почетокот на огромната популарност на Samsung телефоните, по што од компанијата редовно ја исплаќаа потребната сума.

По купувањето на Nokia од страна на Microsoft, Samsung реши да престане да ги плаќа сумите за секој продаден Android уред, а новата сопственост на компанијата реши да ја истакне како причина поради која што тоа веќе не е потребно.

Овој спор стигна до судовите, а трае уште од минатото лето. Од Samsung истакнаа дека доколку се најде некакво решение на спорот тие ќе размислат да претстават нов уред со оперативниот систем од Microsoft.

Вчера компаниите преку кратко соопштение информираа дека имаат дојдено до решение на спорот во рамките на судовите во САД. Повеќе информации за тоа што е договорено нема, па не е познато дали Samsung ќе продолжи да плаќа одредена сума за нивните уреди или е постигнат некаков друг договор.

Како и да е, купувањето на голем број на патент лиценци стана нормална работа и повеќе пати можевме да прочитаме за судски спорови помеѓу големите компании. Можноста за патентирање е измислена со цел тој што има откриено нешто ново, да го заштити одреден период додека успее да ја наплати својата работа. Никогаш тоа не било замислено како можност за продажба на патентите на компании кои што немаат врска со нив и нивно користење за профити и преговори помеѓу конкурентите.

Извор: Microsoft, The Verge

Претходна статијаAdBlock Plus ги пушта рекламите од Google, Microsoft и други за одредена цена
Следна статијаМенаџмент-моделот на Valve: анархизам (nope, it’s not chaos and violence)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.