Tesla, а можеби повеќе Елон Маск, се под значителен притисок, па и критики изминатиот период поради работата на компанијата. Како што на повеќето им е познато, Tesla не успеа да стигне на време со производството на Model 3, којшто требаше да биде најмасовно продаваниот автомобил од компанијата поради пониската цена. Доста од нарачките беа откажани, иако од компанијата ги прават сите напори и производството продолжува со големо темпо.

Исто така, Tesla не работи со профит, па може да се замисли какви реакции доаѓаат од акционерите.

Поради ваквата ситуација, Елон Маск излезе на Twitter да најави можно „приватизирање“ на компанијата, односно откупување на сите акции од акционерите од страна на едно лице или една компанија/фонд. Тој исто така истакнува дека потребните средства се обезбедени, меѓутоа не е јасно од достапните информации дали тој планира да ги откупи или некој друг ќе ја преземе компанијата.

Според одредени информации, Маск планира да ги продаде и неговите 20% акции во Tesla, а новите газди ќе го задржат како главен директор. Вредноста на компанијата се проценува на околу 80 милијарди долари.

На овој начин Tesla ќе може да продолжи да работи без притисокот од акционерите и бордот на директори кои ги интересира само профитот на компанијата, нешто што според Маск не соодвествува со долгорочните цели на компанијата.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПоследни неофицијални информации за Galaxy Note 9 пред утрешното претставување
Следна статијаПроѕирниот Xiaomi Mi 8 Explorer Edition сепак има „украсна“ матична плоча на задниот дел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.