По повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите, компанијата креираше голема наградна игра која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември.

Денеска во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од второто полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Мапетрол“, која компанијата ја организира по повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите.

Голема наградна игра започна на 1 март и ќе трае до 15 декември.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

Како што веќе знаете, ВЕРНА програмата е база на најголемата наградна игра во Македонија, „70 години Макпетрол“. Преку неа Макпетрол по повод својот 70 годишен јубилеј, што оваа година го одбележуваме, ги наградува своите верни потрошувачи. Наградната игра ќе трае до крајот на годината, а до денес се доделени над 400 вредни награди.

Кога ја воведовме ВЕРНА програмата имавме големи очекувања од истата. На наше особено задоволство очекувањата се покажаа точни и реални.  Програмата за лојалност на Макпетрол веќе има над 115.000 корисници кои на нашите продажни места остварија скоро 500.000 трансакции. Овие бројки особено не радуваат бидејќи се доказ за квалитетот на нашите производи и услуги, од една, и довербата на корисниците кон нашата компанијата, од друга страна. Успехот на овој проект докажува дека квалитетот секогаш се наградува. Затоа, мотивирани од позитивните резултати, постојано се трудиме на најдобар начин да одговориме на барањата на нашите потрошувачи.“- изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Овие бројки за нас како компанија се најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници. Тоа претставува уште еден силен доказ за взаемната доверба која е основен постулат во работењето на нашата компанија.“ – додаде Тасевски.

Во ова коло на наградна игра „70 години Макпетрол“ беше доделен чамец со мотор Хонда од 50 коњски сили, комплет со вградени команди и приколка. Освен оваа вредна награда од компанијата доделија и Хонда скутер NSC50WHC,  како и два Дел лаптопи.

Оваа, за нашата компанија јубилејна година, отвори пред нас нови хоризонти и нови предизвици. Во изминатите години со пожртвувана работа создадовме квалитетни производи и воведовме нови и квалитетени услуги . Водени од тоа дека потребите на нашите потрошувачи се најважни, создадовме бренд кој е препознатлив и е лидер во енергетскиот сектор во Македонија.

ВЕРНА програмата за лојалност ни овозможи да развиеме комуникација со потрошувачите и од прва рака да ги запознаеме нивните желби и потреби и секако да ја наградиме нивната лојалност кон нашата компанија. Од друга страна, програмата ни овозможи да ја следиме и наградиме посветеноста на вработените, кои имаат голема улога во успешноста на програмата.“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.                 

„Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува  дополнителна обврска за нас.  Затоа и понатаму ги следиме и применуваме европските и светските стандарди во нашата дејност , со цел да понудиме врвни производи и услуги на нашите модерни бензиски станици“ – додаде Георгиевски.

Дарко Стојанов и Благој Танчев беа среќните добитници на лаптопи Делл, додека Ѓорѓи Ивановски си замина дома со скутер Хонда.

Најсреќениот ова коло е Мевлудин Ќулафовски, кој ова топло лето ќе вози чамецот со мотор Хонда.

Претходна статијаJUKEBOX2 – новата апликација која дава нова димензија на забавите во вашиот омилен локал
Следна статијаНајновиот Windows 10 Insider Build може длабоко да се поврзе со вашиот Android телефон