Макпетрол, како одговорна компанија, која пред се е ориентирана кон општеството и потрошувачите, веќе подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перформанси за потрошувачите, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата.

Денес, Макпетрол овозможи организирана посета на современата лабораторија каде претставници на компанијата го објаснија процесот на создавање на новите дизел горива. Како дополнување на посетата, компанијата одржа презентација на Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power горивата, во хотелот Белви, во Скопје. 

„Циклусот на инвестиции во нашите капацитети и производи е континуиран, а во изминатите неколку години и значајно зголемен, свесни за одговорноста која како компанија ја имаме пред нашите верни потрошувачи, но и кон општеството како целост. Можеме нескромно и без задршки да се пофалиме со неколку капитални проекти како што се новите бензински станици во Скопје и Тетово и надградените веќе постојни бензински станици меѓу кои и најголемата во Гевгелија, пред граничниот премин со Грција.  

Дополнително во последните години палетата на горива ја збогативме со дизел гориво кое во себе содржи био компонента, Ultra Diesel Bio Jet, а останатите горива од фамилијата ULTRA беа целосно подобрени според највисоките европски стандарди.  

Денес сме тука да презентираме уште еден нов успешен проект, а тоа се новите ULTRA горива, Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power“. – истакна Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

„Новото премиум гориво на Макпетрол Ultra Diesel Green Power е надградба на досегашното Ultra Diesel Power Jet гориво. Како и досега тоа е кристално чист еуродизел добиен преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени адитиви. Тие обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови“.додаде Георгиевски.

Горивото Ultra Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ова гориво, Макпетрол го направи следниот чекор во примената на светските трендови и на пазарот со нафта и нафтени деривати нуди уште едно современо дизел гориво од кое подеднаква корист имаат животната средина и возачите.

Ultra Diesel Bio Power содржи 6% дизел гориво од висококвалитетно растително масло додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто Ultra Diesel Green Power гориво. На овој начин на пазарот нудиме горива со состав идентичен со дизел горивата што ги пропишува ЕУ, со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори“. – дополни Георгиевски. 

Стратешка определба на Макпетрол во последните неколку години е производството и промоцијата на горива добиени од обновливи извори на енергија, во конкретниот случај Ultra Diesel Bio Power горивото.  Компанијата може да се пофали дека во моментов е единствена на македонскиот пазар која на своите потрошувачи им нуди можност да користат вакво дизел гориво.

„Новите дизел горива на Макпетрол, се специјално дизајнирани горива со примена на најнови светски и европски искуства како и најсовремена технологија за примена на адитиви и други технолошки постапки. Со нивна употреба се постигнува зголемена ефикасност, моќност, заштита на моторот, чистота на моторот и пред се заштита на животната средина“. – продолжи Горан Ангеловски, директор на дирекција за стандардизација, квалитет и екологија.

„Овие придобивки се овозможени со користење на адитиви што содржат компоненти кои го зголемуваат цетанскиот број како една од најважните карактеристики на дизел горивата. Дизел горивата со повисок цетански број горат многу поефикасно што само по себе значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови.

Главните атрибути на новата генерација на адитиви е задржување на моќноста и забрзувањето преку задржување на протокот и намалување на загубите на моторот во текот на континуираната експлоатација на возилото при поголеми оптеретувања.

Горивата Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power се сертифицирани не само за постарите возила со DI (Direct Injection) и IDI (Indirect Injection Technology) туку и за најновите CRDI (Common Rail Direct Injection) мотори“.истакна Горан Ангеловски, директор на дирекција за стандардизација, квалитет и екологија.

„Горди сме што во моментов сме единствена компанија на македонскиот пазар која на своите потрошувачи им нуди можност да користат вакви дизел горива“. – потенцираа од компанијата.

Овој успешен проект е поттик Макпетрол и понатаму да инвестира во сопствените капацитети, услуги и пред се горива, бидејќи како компанија секогаш се стреми кон врвен квалитет во сите сегменти на своето делување.

Претходна статијаЛегендарниот Yahoo Messenger престанува со работа на 17-ти јули
Следна статијаНајголемите хрватски авантуристи на Weekend: Како станав првиот Хрват и 26 личности во светот кои го имаат освоено Јужниот пол