Каратистките на КК Макпетрол – Скопје ќе земат учество на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига  во Парис, Франција од 18-21Јануари 2018 година.

По новите правила што ги наметна Светската карате федерација, за прв пат на турнирот ќе настапат најдобрите светски каратисти по рејтингот што го имаат на светската ранг листа и тоа само прворангираните 64 учесници во секоја тежинска категорија и поединечно во дисциплината кати.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека каратистките одат подготвени на турнирот и додаде дека ова за нив претставува почеток на новата сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега.

„Ние сме спремни и подготвени да ги прифатиме сите предизвици. За да ги подготвиме максимално спортистите на самиот почеток на годината,на два наврати, направивме подготовки во Маврово. Оваа година ќе биде најнапорна до сега, бидејќи ако сакаме сериозно да се приклучиме и да имаме шанса да оствариме Олимписка норма, мораме да бидеме присутни на турнирите кои се критериумски во однос наосвојувањето бодови за пласман на светската ранг листа на најдобри каратисти. За Парис ќе заминат најдобрите сениорки: Сара Радичевска – 50 кг, Симона Заборска – 55 кг, Наташа Стефановска – 61 кг и Моника Стефановска – 68 кг.“ – заврши Заборски.

Претходна статијаПотпишан договор за лиценци помеѓу Биро за образование и развој и Мајкрософт
Следна статијаКриминално добри серии од европска продукција