T_BWF_PR_01-voting

Во тек е гласањето на меѓународниот натпревар Business Wall of Fame на Дојче Телеком за најдобро „Интернет на нештата“ решение. Деловните корисници од Македонија гласаат на веб страницата wallofbusiness.com со што добиваат можност, како поддржувачи на омиленото IoT решение да добијат и национална маркетинг кампања заедно со избраното решение во вредност до €20.000. Голем број на извонредни IoT решенија од повеќе индустрии веќе се пријавени, а развивачите сè уште имаат можност да ги поднесуваат своите решенија, чиј рок е продолжен до 1 јуни.

Едно од пријавените на интернционалниот конкурс е решението Fueloyal Technology на македонско – хрватската стартап компанија 4VIRTUS. Станува збор за IoT решение Fueloyal кое го решава најгорливиот проблем на транспортната индустрија –  кражбата на гориво. Паметното капаче iCap 1000 се додава на резервоарот за гориво и води евиденција со колку гориво е наполнет резервоарот,  а во исто време со антисифонинг заштитата се грижи истото да не се источи. Резултатите за сите камиони со помош 3Г модем вграден во уредот пристигаат на клауд до седиштето на компанијата од каде може да се надгледува состојбата со гориво во секој момент. Капачето оневозможува било кој неавторизирано да го отклучи резервоарот, а монтирањето на капачето може да се направи со едноставно додавање на постоечкиот резервоар, без потреба за модификација.

Нашето решение на компаниите би им заштедило по 15-20.000 долари/годишно за секој камион во флотата. Во ЕУ, САД и Канада месечно секој превозник во просек троши гориво во вредност поголема 10.000 долари, а според проценката 10%-15% од оваа сума е украдена. Штетата која секоја година се прави надминува 80 милијарди долари. Проектот беше претставен на Websummit во Даблин, Ирска, Mobile Word Congress во Барселона и Techcrunch Disrupt во Њујорк а интерес за соработка пројавија компании од целиот свет”, изјави Игор Христов Генерален менаџер на 4 Виртус.

Живееме во време на промени, кои и тoa како го менуваат начинот на нашето живеење. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието, а нештата кои некогаш ни се чинеа само како дел од научната фантастика, веќе се реалност. Едно нешто е заедничко за сите ИоТ решенија – тие ја поедноставуваат работата на деловните корисници.

Со реализацијата на проектот Business Wall of Fame,целта на Македонски Телеком е да го поттикне развојот на ИоТ решенија во Македонија, да мотивира креативност кај девелоперите, охрабрувајќи ги на тој начин да создаваат решенија кои ќе можат да се продадат на интернационалниот пазар. Целта на сите решенија поврзани со „Интернет на нештата“ е на поединецот да му се поедностави животот, на компаниите да им се намалат трошоците во работењето, да се зголеми продуктивноста, и сето тоа да функционира некаде на облак, односно, cloud.

Претходна статијаПристигна новиот MacBook Pro 15
Следна статијаVertex Bladeless – Нов, поефикасен тип на ветерница без подвижни делови