На една од панел дискусиите учествуваше Главниот извршен директор на Македонски Телеком,  Никола Љушев, кој истакна дека во дигиталното време една од клучните бизнис алатки е е-трговијата и токму затоа потребно е да се направат потребните прилагодувања во регулативата со што ќе се унапредат дигиталните процеси.

Според него, примената на услугите за е-трговија е во подем, а стратегијата на Македонски Телеком, како пионер во оваа област е да биде сериозен, доверлив и безбеден партнер за имплементација на дигитални решенија и услуги.

И покрај тоа што користењето на каналите за онлајн продажба и користењето на мобилната апликација Telekom МК е зголемено последнава година, Телеком планира да си постави уште повисоки цели за 2019 година и да го зголеми бројот на корисници на мобилната апликација Telekom МК на 50%, а продажбата преку онлајн каналите за 15%. За наредната година се планира да се пушти и новата, подобрена верзија на Telekom МК апликацијата со нови функционалности, преку која корисниците можат лесно и во движење да управуваат онлајн со своите комуникациски услуги.

Македонски Телеком во текот за наредните години планира да сите услуги и производи да бидат достапни преку различни онлајн канали, првенствено преку мобилниот телефон, за да се обезбеди брз, едноставен и безбеден начин за управување на услугите, како и за зголемена транспарентност во поглед на користењето на услугите.

На конференцијата учествуваа триесетина домашни и интернационални говорници: делегати, претприемачи и основачи на средниот менаџмент, како и извршни директори на компании и институции.

Претходна статијаQLED телевизори во Македонија – каков е изборот и што да купите
Следна статијаHuawei ги открива тајните на својата нова батерија