GettyImages_479902152_converted
Елон Маск: „Чекајте де, ќе ви објаснам…“

Веројатно се сеќавате од пред неколку недели кога ја пренесовме изјавата на Елон Маск за тераформирањето на Марс. Иако тогаш некои можеби помислија дека милијардерот има неосновано високо ниво на омраза кон оваа невина планета, сепак со неговото неодамнешно објаснување идејата изгледа шашаво – но би можела да функционира!

Имено, идејата на Маск се базира на следното. Ако се испратат фузиски нуклеарни оружја на половите на Марс, кои би експлодирале на секои неколку секунди неколку километри над површината на планетата, тоа (веројатно) би предизвикало топење на водата заробена таму. Во овој „вечен мраз“ постои огромно количесто на заробен јаглероден диоксид кој вака би се ослободил.

Ослободениот гас ќе ја обиколи планетата и ќе ја згусне атмосферата, овозможувајќи развивање на ефектот на стаклена градина, слично како и на Земјата. Ова ќе ја зголеми просечната површинска температура до (се надеваме) пријатно ниво за развивање на живот. Воедно, ова ќе предизвика затоплување на температурата на водата која после би можела да се користи за развивање на живиот свет (а само што откривме дека постои вода во течна состојба на црвената планета).

Кога ќе помислиме, идејата на Маск не е лоша, иако постојат еден куп технички проблеми кои треба да се решат. Како прво, тој предлага активирање на термонуклеарни оружја кои се посилни од било кои создадени тука на Земјата. Потоа предлага овие да се однесат во огромно количество до друга планета, и потоа синхронизирани да се активираат низ еден одреден период. Слично како македонската демократија, шашаво – но би можело да функционира!

Извор: Cnet, Gizmodo, The Verge

Претходна статијаApple и Google остануваат најдобрите светски брендови
Следна статијаЈапонија ќе тестира самоуправувачки такси автомобили