1. Од каде љубовта кон актерската игра, сценаријата и режијата?

Љубовта кон актерството ми ја пренесуваат Бранко, Васко и Љупчо од К-15. Јас имав невообичаено детство. На 3,4 години не гледав цртани, туку К-15. Ги цртав нивните ликови на хамер. Ги боев со фломастери нивните светликави сакоа и ги сечев. Тоа беа моите играчки. Ги кажував скечевите напамет и насекаде ги имитирав. Тие ме мотивираа да се занимавам со глума. На 8 години бев во школата за деца актери во Скопје кај Весна Петрушевска и Сенко Велинов. Таму играв во национална ТВ серија. Покрај ова, се занимавав и со сценарио, режија и продукција. Иницирав сопствени проекти уште од многу рана возраст. Мојот жар и моите проекти некако стиганаа до Нобеловото семејство. Тие сметаат дека мојата работа е вонсериска. Сакам јавно да им се заблагодарам на Бранко, Васко и Љупчо од К-15 и да истакнам колкаво влијание имаше нивната посветеност во животите на другите. Се надевам дека ќе им биде драго што директно влијаеле на првиот македонски нобеловец со својата работа.

2. Како си поврзан со технологија и кој ти ги монтира видеата што ги правиш?

Воглавно сум креативец. Технологијата не е моја силна страна, но од потреба сум бил приморан да го научам и тој дел од работата. Во почетокот, детските домашни филмови кои ги правев со мои врсници, а ги снимаа мои роднини со домашна камера. Неколку години подоцна тоа се официјализира и работевме со професионална опрема и екипа од локалната ТВ Кисс од Тетово. Подоцна наоѓав професионалци или талентирани аматери за снимање на независни филмови. Ги снимавме со Никон или Канон камери за уште подобар квалитет. Зад монтажата секогаш сум стоел јас, иако секогаш барам друг директор на фотографија за јас да се фокусирам на актерската игра и режијата.

3. Како се случи Нобеловата награда за млади?

Студирам во Америка. По добивање на првичните дипломи и признанија како нов член во Нобеловото здружение, се искачувам на листата на најдобрите студенти од светот во тоа здружение. Се истакнувам со моите лидерски, научни, уметнички и мотивирачки способности во светска конкуренција. Инаку, наградата постои од 2002. Се доделува еднаш годишно во било која област во која најдобрите студенти покажуваат вон-сериски достигнувања. Жирито составено од светски имиња одлучи наградата за драма, филм и театар да ми припадне мене.

4. Нешто што не те прашавме, а сакаше да го споделиш со нас :)

Неодамна го промовирав мојот нов филм “Идеализмот на младиот човек” во Тетово. Филмот успеа да ја расплaче тетовската публика. Со ваков фидбек верувам дека сум одел во вистинската насока, бидејќи успеав да ги измамам емоциите на тетовчани.

 

Претходна статијаБришење на Facebook апликацијата ќе ви заштеди 20% од батеријата
Следна статијаMicrosoft призна дека претерале со кампањата за надградба на Windows 10