Едно од најголемите лица во авто индустријата, особено во американската е Боб Луц, кој беше меѓу челниците на Ford, General Motor, Chrysler и на BMW, што е портфолио кое го нема скоро ниту еден друг човек во бизнисот. Тој е особено познат по своите напредни размислувања (иако е малку постар), а последното е дека за 20 години отсега веќе нема да имаме сопствен автомобил, туку споделувањето на автомобили ќе биде новиот начин на „приватен“ превоз.

Ова звучи навистина претенциозно за оние кои не ги познаваат доволно работите во авто светот, но факт е дека производителите се движат се повеќе кон заработка од пост – продажба и помалку од продажба на свои возила, нешто во кое споделувањето на возило ќе игра голема улога, бидејќи во тој случај купувачите не би имале причина толку често да ги менуваат своите возила.

Сепак, Луц оди многу подалеку – тој вели дека патувањето во иднината ќе биде во стандардизирани модули за патување, кои во догледна иднина ќе бидат целосно автономни, односно нема да има можност ни да ги управуваат луѓе. Со ова нема да се сложат многу други личност од светот на автомобилизмот, односно има такви кои се сигурни дека ќе останат уште многу луѓе кои ќе сакаат да имаат свој автомобил, но факт е дека иднината нема да биде иста како денес.

Извор: Business Insider, The Drive, CNBC

Претходна статијаЗапочна продажбата на Huawei Mate 10 lite во Македонија
Следна статијаBaidu претстави два роботи и паметен звучник