Добри вести ни доаѓаат од другата страна на атлантикот. Неколку од најбогатите луѓе на светот, меѓу кои и милијардерот Бил Гејтс, се здружија во борбата против климатските промени. Покрај Бил Гејтс, кон оваа огромна инвестиција од цела една милијарда долари се приклучија и основачите на Amazon, Alibaba, како и многу други бизнисмени вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на New York, Мајк Блумберг.

Се очекува овие пари да бидат инвестирани во нови форми на зелена енергија. Гејтс вели дека овие пари ќе се вложат во нови потенцијални извори на ефтина енергија кои во иднина ќе се користат насекаде низ светот. Според него, овие нови извори мора да бидат достапни за секого и секако да не ја загадуваат животната средина.

Бил Гејтс многупати претходно има објавувано дека е посветен на активности кои се однесуваат на климатските промени. Така и оваа инвестиција не е изненадување, особено знаејќи дека самиот тој ја најави пред околу една година. Официјалната најава дојде после преговорите за климатските промени во Париз, организирани од страна на Обединетите Нации.

Инаку Бил Гејтс важи за најбогатиот човек на планетата според листата објавена од FORBES. Интересно е да се спомене дека во комбинација со другите инвеститори во овој проект, кои вкупно се 20 на број, вредат некаде околу 170 милијарди долари.

Извор: HuffingtonPost, Forbes, Gates Notes

Претходна статијаХирург пренесувал операција во живо на Snapchat преку Spectacles
Следна статијаLucid Air – електричен автомобил со 1.000 коњски сили