Бил Гејтс, мотивиран од честите прашања кои ги добива од студентите поврзани со кариера, на Twitter објави цела серија на твитови каде на кратко го истакнува своето гледиште на таа тема.

Како прво, тој им препорачува на тазе дипломците да ја градат својата кариера во области како Вештачка интелигенција, енергетика и „бионаука“. Ова се области во коишто според него младите можат да направат разлика, односно да остават впечаток, а тоа се областите во кои тој би се ангажирал доколку би бил студент денес.

Понатаму тој продолжува да истакнува дека има многу работи кои кога бил млад не ги знаел, а го научил денес. Посебно се истакнува неговиот став за интелигенцијата. Според него, таа има многу форми и не е едно димензионална и важна како што сметал.

Исто така, Гејтс говори за нееднаквостите кои се дел од светот, нешто за коешто знаел многу малку кога излегол од факултет, а му требале декади да ги види и разбере сите работи. Во денешно време студентите имаат пристап до многу повеќе информации, па тој препорачува тие многу подобро да се борат против оваа појава.

Меѓу другото, Гејтс дава и совет за тоа дека како луѓе треба да бидеме опкружени со луѓе кои не предизвикуваат, не учат и не туркаат да бидеме најдобрите што можеме. Ова се разбира е еден од најдобрите совети којшто луѓето би имале корист што порано да го разберат.

Извор: VB

Претходна статијаMP3 аудио форматот замина во историјата
Следна статијаТим од MIT разви ефикасен начин на учење во кратките периоди кога чекаме нешто
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.