bill-gates-ted

Исто како и минатата година, Бил Гејтс за време на неговото предавање на познатата TED платформа минатиот месец состави листа од книги кои што тој смета дека вреди да бидат прочитани.

Оваа година листата е составена од 6 книги, а истите се следните:

  1. Бизнис Авантури од Џон Брукс (Business Adventures, by John Brooks)

Оваа книга на Гејтс му била препорачана од Ворен Бафет уште во 1991 година. Таа се’ уште е една од најдобрите бизнис книги кои што тој ги има прочитано. Книгата иако е напишана пред повеќе од 4 децении, таа нуди остар поглед кон одредени основи на бизнисот кои што важат и ден денес.

  1. Говорницата на силеџијата од Дорис Кеарнс Гудвин (The Bully Pulpit, by Doris Kearns Goodwin)

Книга од историчарот Дорис Гудвин која што ги проучува животите на 26-тиот и 27-миот американски претседател. Во неа се поставува прашањето: Како се случуваат општествените промени ?.

  1. За имунитетот од Еула Бис (On Immunity, by Eula Biss)

Книга која што ја обработува темата на вакцинирањето на децата, поточно проблемите со кои што се соочува оваа медицинска област во последно време. Се повеќе родители се противат на вакцинирањето поради верувањето дека тие се штетни за децата. Во оваа книга Бис пишува за според неа невистинитите гласини за вакцините кои што се актуелни помеѓу американските родители.

  1. Создавањето на модерниот свет од Вацлав Смил (Making the Modern World, by Vaclav Smil)

Историчарот Вацлав Смил е еден од омилените живи автори на Бил Гејтс и тој чита се што авторот ќе напише. Во оваа книга Смил ги истражува материјалите кои што се користат во денешното модерно општество, како што се цементот, железото, алуминиумот, пластиката и хартијата.

  1. Како функционира Азија од Џо Стадвел (How Asia Works, by Joe Studwell)

Во оваа книга, новинарот Џо Стадвел одговара на прашањата како земјите како Јапонија, Тајван, Јужна Кореа и Кина имаат успеано да постигнат одржлив, висок развој на нивните економии. Според него, сите земји кои што имаат станато успешни развојни приказни 1. Создаваат услови за малите фармери да успеат, 2. Го користат вишокот на приносите од земјоделието да изградат основа за производство која што е спремна од почетокот за извоз, 3. Ги негуваат овие два сектори со финансиски институции кои што се контролирани од страна на владата.

  1. Како да лажете со статистики од Дарел Хаф (How to Lie with Statistics, by Darrell Huff)

Книга која што е објавена во 1954 година, а забележана од Гејтс на Wall Street Journal на листа на книги кои што се добри за инвеститори. Иако е напишана одамна, Гејтс смета дека не е воопшто застарена, туку истата е поважна и од порано.

Извор: gatesnotes

Претходна статијаИмпресии и резултати од успешното трето издание на Codefest
Следна статијаНорвешка ја прекинува употребата на FM радио во 2017
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.