Lambda
Фото: PrintScreen

Наоѓањето работа од областа на технологијата е секако една од најпосакуваните професии на 21-виот век. Овие професии се популарни не само поради тоа што се добро платени, туку и поради фактот што тие практично ја креираат иднината. Но, едукацијата и оспособувањето за овој вид работи е скап и недостижен за поголемиот дел просечни луѓе.

Цените за курсевите за кодирање во САД знаат да достигнат цени и од 10 000 долари. Дополнително на тоа, никој не гарантира дека со завршените курсеви кандидатите ќе добијат работа. Стартапот Lambda цели кон отстранување на овие традиционални бариери. Имено, тие за само една година имаат оспособено 20 врвни програмери. Од нив 5 веќе имаат добиено работа само недела дена по завршувањето на обуката. Карактеристично за Lambda School е тоа што не нуди само обука, туку се труди студентите да ги оспособи за добивање работа.

Сега за сега, Lambda нуди само еден 6 месечен курс за кодирање. Студентите на него можат да ги научат основите на софтверското инженерство. За пристапувње секој студент треба да помине телефонско интервју и влезен тест по HTML, CSS, JavaScript и Git. Нова група за курсевите се оформува секој месец.

Плаќањето е она што го двои ова училиште од останатите. Имено, студентите имаат 3 начини за плаќање. Еден од нив е да не платат ништо за почеток, а да делат 17% од својата заработка во првите 2 години од кога ќе се вработат. Интересно е што дел од платата се издвојува само за оние кои заработуваат повеќе од 50.000 долари. Тоа практично значи дека доколку тие ве оспособат и не успеете да најдете добро платена работа, не сте должни да платите ништо.

Ова е школски пример за тоа како образвониот систем би трбало да функционира. Секој влегува во него за да биде оспособен во иднина самиот да заработува. Што не е случај кај поголемиот дел образовни институции чија главна цел е да едуцираат и истото го наплатат, без да водат грижа дали кандидатот е способен да се натпреварува на пазарот на труд.

Извори: VentureBeat, LambdaSchool

Претходна статијаUnsane е драма-трилер комплетно снимен со iPhone
Следна статија„Страва“ ги стресе светските безбедносни служби