Францускиот бренд Lacoste привремено го смени логото на своите поло кошули со фотографии од десеттина загрозени видови. Тие ова го направија за првпат во својата историја. Целта е подигнување на свеста за овие видови и заканата од нивно истребување.

Кошулите претставуваат своевидна поддршка на кампањата „Спаси ги нашите видови“ која започна на 1-ви март. Оваа кампања е дел од Париската модна недела. Ваквиот потег веднаш резултираше со позитивен исход. Поло-кошулите се веќе распродадени и тоа непосредно од започнувањето на нивната продажба.

Зелениот крокодил е едно од десетте најпрепознатливите логоа во светот. Тој е заменет со тигарот од Суматра, носорогот Џаван, гибонот Цао Вит и многу други кои сега стојат на познатите бели поло кошули во оваа ограничена серија.

Според Мeѓународната Унија за заштита на природата, француската компанија го калибрираше бројот на кошули произведени за секоја серија во однос на популацијата на преостанатите животни во дивината. Вкупната сума на продадени поло-кошули за ретките рептили, птици и цицачи изнесува 1175 кошули.

Од оваа сума, најмал број на печатени верзии од кошулите му припаѓа на вакита китот со само триесеттина примероци. Од друга страна, пак, најдостапни се кошулите на игуаната од Анегада со 450 изданија – воедно најголемиот број на печатени примероци.

“Сите овие ретки рептили, птици и цицачи заеднички ги застапуваат маките на сите познати загрозени видови” – се вели во соопштението на Меѓународната унија за заштита на природата.

Според американската служба за риби и диви животни, на листата на загрозени видови и видови пред истребување има 1459 животни.

Најголемиот дел од овие поло-кошули биле распродадени во првите часови откако почнала продажбата, секоја по цена од 150 евра.

“Можеби Jaguar би можел да направи нешто за јагуарите, a и камионите на RAM би можеле да направат своевиден допринос“ – изјави Џеф Корвин, експерт за ендемски видови и живот во дивината.

Логото со крокодилот е ставено на задниот дел на 1 775 поло-кошули од колекцијата.

 

Претходна статијаPorsche разработува концепт на патнички дрон
Следна статијаНовиот смартфон VIVAX Fly V1 е едноставно „Предобар“