featOverview

Samsung Galaxy паметните телефони моментално се едни од најпродаваните во светот, а тој тренд не покажува знаци на намалување. Сигурно голем дел од читателите на Smartportal сте корисници на некој од уредите на Samsung, па знаете дека тие доаѓаат со инсталирани повеќе апликации направени од компанијата. Исто така најверојатно само мал дел од вас активно ги користат тие апликации, кои што ги вршат истите функции како и апликациите на Google и слични.

95669

Според истражувањето направено од страна на Strategy Analytics компанијата, корисниците навистина многу малку време поминуваат користејќи ги апликациите од Samsung, како Samsung App Store, Media Hub, S-Voice и слични. Резултатите од истражувањето покажуваат дека корисниците поминуваат во просек околу 7 минути месечно користејќи ги Samsung апликациите, додека таа бројка изнесува 149 минути во просек месечно користејќи некоја од Google апликациите како, YouTube, Play Store и слични.

95670

Samsung одамна се критикувани за бројот на апликации кои што го вклучуваат со нивните телефони, исто како што голем број на производители на десктоп компјутери се критикувани кога со нивните уреди вклучуваат и поголем број на софтвер. Веќе пишувавме за неофицијалните информации според кои од Google не се задоволни од овој однос на Samsung и од нив е побарано да го намалат менувањето на Android оперативниот систем, како и форсирањето на нивните апликации, кога постојат нивни алтернативи од Google.

Дали вие ги користите апликациите од Samsung кои што доаѓаат со вашиот уред ?

Претходна статијаОфицијално претставување на OnePlus One
Следна статијаИспраќајте пораки без интернет конекција со FireChat за iOS и Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.