Со ова Техномаркет е уште поблиску до своите купувачи и продолжува со зголемување на својата продажна мрежа.  Лоциран е на булевар Србија број 48, помеѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче. Големата промоција со многу изненадувања ќе се одржи на 15-ти мај, среда, со почеток од 12 часот.

„Според нашите истражувања на пазарот, се одлучивме за маркет кој ќе ги задоволи барањата и потребите на жителите во тој дел од градот. Продавницата се простира на 700 квадратни метри, на два ката со сопствен паркинг, со амбиент за целото семејство. Секој ќе може да си одбере и да си купи сѐ што ќе посака за својот дом. Ве покануваме на 15-ти мај да бидете дел од изненадувањата кои ги подготвивме за вас на големото отворање во населба Аеродром“ велат од „Техномаркет“.

„Техномаркет“ е компанија со долгогодишна традиција, со продажни места ширум земјава кои ги следат светските стандарди и трендови за техника.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.