Додека американските власти водат трговска и политичка војна со Кина, а со тоа и со кинеските компании, тие одлично успеваат да се пробијат на европскиот пазар. Се разбира тука говориме за пазарот на паметни телефони, кој се’ уште го држи Samsung.

Сепак, како што сигурно никого не би го изненадило, кинеските производители полека успеваат да преземат голем дел од пазарот, па според аналитичката компанија Canalys, тие сега држат дури 32% од него.

Исто така очекувано, број 1 кинески проивзодител во Европа е Huawei кои држат 23,6% од европскиот пазар, а тие веќе најавија дека не планираат да застанат, па ќе преземат првото место од Samsung.

Бројките, кои можете да ги видите на сликата во продолжение, покажуваат и дека Samsung и Apple имаат пад на продажбите во Европа, додека кинеските производители, а посебно Huawei имаат огромен раст.

Од Canalys исто така истакнуваат дека пазарот на Западна Европа бележи пад, додека Источна Европа има значително зголемување на продажбите.

Воопшто не е чудно што кинеските производители, а посебно Huawei продолжуваат со зголемување на нивниот удел во пазарот. Тие претставуваат квалитетни, одлично дизајнирани, па и иновативни модели, кои често се продаваат по пониска цена од конкурентите, а посебно Apple.

ИЗВОРCanalys
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗошто упорно ја саботираме сопствената среќа (sunk-cost fallacy)
Следна статијаСамсунг го претстави новиот стилски Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.