Shutterstock.com

На крајот од минатиот месец, за време на Г20 самитот во Токио, се сретнаа американскиот и кинескиот претседател, по што, меѓу другото, се најави и еден вид на паузирање на забраната за соработка со Huawei.

Ова беше важна вест за оваа компанија чии развој беше сопрен, па почна да се поставува и прашањето што понатаму и што ќе значи ова за Huawei.

Иако на многу места можеше да се прочита дека проблемите на Huawei се завршени, сепак најавата од Трамп не го кажа тоа и секако не беше логично да се верува дека забраната е готова, подигната.

Како што најави и Трамп, не се најавуваат дополнителни мерки, како воведување на даноци помеѓу земјите, а најавеното „олабавување“ на забраната за соработка со Huawei, конечно имаме информација што точно значи.

Во основа, Huawei ќе остане на листата поради која им беше забрането на американските компании да соработуваат со оваа компанија. Начинот на којшто ќе продолжи соработката со некои од компаниите е преку добивање на посебни дозволи.

Дозволите ќе се добиваат за работи кои нема да ја загрозат американската национална безбедност…

Уште не е точно јасно кои компании ќе добијат дозвола за соработка, односно најважните се секако Google со Android, како и Qualcomm, Intel и слични. Овие компании веќе имаше информации дека имаат „лобирано“ да се тргне забраната за соработка, а кога ќе се видат сумите кои тие ги заработуваат од Huawei, веднаш станува јасно зошто тоа и би го правеле.

Во основа, Huawei ќе остане на листата се додека двете земји не постигнат официјален договор, а прашање е кога и дали тоа ќе се случи, а посебно и во каква форма.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei ќе почне да го продава својот прв 5G телефон од овој месец
Следна статијаBlack Mirror, сезона 5, епизода 1: Striking Vipers
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.