ty60zyzjnxb62x6h5lrq

Агенцијата за заштита на околината (АЗО; Environmental protection agency, EPA) на САД конечно се огласи околу штетноста на издувните гасови од авионите, конкретно од големите патнички авиони. Според нив, издувните гасови го загрозуваат здравјето на луѓето и придонесуваат кон промена на климата.

Одлуката касни само едно 20-тина години, но добро е што конечно ја имаме. Тоа значи дека владата на САД како и АЗО сега ќе бидат приморани да превземат мерки за да ги присилат сопствениците на авиони (кои најчесто се авиокомпании) да воведат технолошки решенија кои ќе донесат помало загадување. Какви точно мерки ќе се воведат сеуште не се знае, но се очекува да се присилат да користат поквалитетно гориво, полесни градбени материјали (кои ја намалуваат тежината на авионот и со тоа потрошувачката на гориво), специјални додатоци во горивото што ќе предизвика почист издув и слично.

Сигурно се прашувате зошто, по ѓаволите, требало да се донесе оваа одлука после децении од масивното ширење на авиотранспортот. Одговорот е: авионската индустрија и авиокомпаниите. Таа постојано лобираше за да не се донесе ваква одлука, барем не пред да успеат да воведат дел од подобрувањата самите, но по сопствена брзина (а по наше труење).

Сега АЗО ќе го искористи својот авторитет кој потекнува од Законот за чист воздух за да ги спроведе ограничувањата и потребните промени во иднина. Интересен факт е што авиокомпаниите на САД придонесуваат за дури 1/3 од целото цивилно авиозагадување во светот, па оваа одлука може да предизвика глобална промена кога се работи на оваа тема.

Инаку, авионите најмногу трошат гориво (и оттаму, најмногу загадуваат) при полетување и слетување. Моќноста која е потребна да се подигнат неколку десеттици тони товар и луѓе се намалува кога авионот веќе е дигнат на небото и плови, користејќи само делче од претходната побарувачка за гориво. Наоѓање начин како да се намали потрошувачката при полетување и слетување, како и пасивната потрошувачка при пловење ќе предизвика значително намалување на загадувањето – а можеби и смирување на сите оние кои сметаат дека некои авиони оставаат т.н. хемиски патеки (chem trails).

(Патем, чекаме слична анализа и одлука во врска со електромагнетните зрачења од телефоните и нивните предавателни станици кои ги гледаме качени на разни згради насекаде околу нас)

Дополнителни информации: RT, Star-telegram, Gizmodo

Претходна статијаНовиот Samsung SSD диск има капацитет од 32 TB и најгуста поставеност на чиповите
Следна статијаMicrosoft Research и MIT развија паметна тетоважа со која можете да го контролирате вашиот смартфон