AMD немаат претставено десктоп процесор уште од 2011 година, а и тогашните процесори не беа тоа што се очекуваше од нив. Тогашните Intel процесори ги “газеа” AMD процесорите. FX серијата на AMD не можеше во никој поглед да се спореди со најдобрите од Intel i7 серијата, што доведе до паѓање на репутацијата на AMD и намалување на продажбата и цените во следните години.

Од 2011 година AMD тврдат дека работат на нов процесор кој треба да биде претставен за време на CES 2017 и ќе биде 40% подобар и побрз од неговиот предходник. За тој период Intel ја искористија шансата и станаа доминантни на пазарот за десктоп, па и лаптоп процесори. Тие ги качуваа цените и малку по малку ги надградуваа процесорите. Ако AMD сега претстават процесор кој ќе може да се спореди (поефикасен и подобар во некои предели) како што тврдат со i7 5960x од екстремната серија, кој има неверојатна цена од околу 1.100 американски долари и ја стават претпоставената цена од 500 американски долари,- треба да започнат враќање на некоја стабилност која подолг период ја нема. Intel ќе бидат принудени да ги намалат цените на своите процесори, да направат нешто ново доста појако, а не 10% подобрено, што значи дека AMD треба да се тие кои ќе ги “буткаат” Intel да одат побрзо напред.

Ако планирате да го надградите својот десктоп компјутер или да се подновите со некој лаптоп, подобро причекајте некое време зошто 2017 е зад аголот и сите чекаме да видиме што ќе биде претставено и како Intel ќе реагираат на новите процесори на AMD, дали сеуште ќе бидат доминанти на пазарот или ќе ги намалат цените, дали ќе направат поголем чекор или ќе продолжат со мали.

Претходна статијаWiTricity за безжично полнење на електричните автомобили
Следна статијаWindows 10 теми сега се достапни на Windows Store за Insider корисниците