cx6pejcuqaa_obr-jpg-large

Xiaomi е еден од најпознатите производители на смартфони во светот. Меѓутоа оваа компанија досега нема учествувано на можеби најголемиот саем за мобилни телефони и технологија, CES – Consumer Electronics Show.

Како и секоја година, CES се одржува на почетокот од годината, а своето учество за 2017 Xiaomi го најави преку Twitter.

Заедно со најавата за учество, од компанијата најавија и претставување на целосно нив производ, достапен во целиот свет. Потоа прашуваат дали можеме да погодиме што ќе биде тоа.

Со оглед на фактот што го употребуваат терминот целосно нов производ, сметаме дека не би требало да се работи за телефон, туку за нешто различно, ВР уред, на пример.

Учеството на Xiaomi на CES дефинитивно ќе го направи целиот настан уште поинтересен. Идната година очекуваме настанот да биде насочен кон мобилните уреди, нели, но и кон претставувањето на уреди за виртуелна реалност.

Извор: CES 9to5Google

Претходна статијаКорисни совети од РСБСП за зимска подготовка на возилото
Следна статијаSnapdragon 835 ќе има 8 јадра и моќна Adreno 540 графика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.