Xerox logo

29-ти април2014. Gartner, Inc. Го смести Xerox во „Квадрантот на визионерите од волшебниот квадрант на Гартнер за 2013 година во подрачјето на управување со деловни содржини – Eneterprise Content Management (ECM)“ поради својата можност да испорача распон од можности за управување со деловните содржини вклучувајќи решенија базирани на облакот.

„Управувањето со деловните содржини е паметно решение за подобрување на деловните процеси, а за возврат ја зголемува продуктивноста“, рече Mike Feldman, претседател, Large Enterprise Operations, Xerox. „Работите се поедноставени со нашето портфолио базирано на облакот и управување со деловните содржини.“

Xerox ECM платформата, DocuShare®, ги автоматизира документите и дигиталната содржина за да се поедноставни работата и тоа во многу индустрии вклучувајќи ги образованието, здравствената нега, малопродажбата, банкарството, осигурувањето, владините организации и производството. Дополнителна делотворност на текот на работата може да се добие со новиот DocuShare 6.6.1, додека DocuShare Mobile им дозволува на корисниците пребарување, уредување и преземање документи во движење.

Системот Xerox Transactional Content Manager е за управување со содржини базиран на веб со кој документите се проследуваат од една до друга точка за донесување одлуки. Таа платформа SaaS им овозможува на компаниите и институциите да постигнат поголема делотворност благодарение на забрзувањето на процесот на донесување одлуки.

Понудата на специјализирани системи за управување со деловните содржини на компанијата Xerox ги опфаќа единствените текови на работа со документи што се сретнуваат во правото, хипотекарното кредитирање и здравствената заштита, како и персонализирани комуникациски стратегии. Со поддршка на иновациите на компанијата Xerox во таа понуда има и патентирани алатки за анализа на текстот и сликите, како и за категоризирање и аналитика на содржините.

  • Xerox Litigation Services нуди услуги, технологии и консултантско стручно знаење за управувавање со логистиката за претставување електронски документи.
  • Xerox Mortgage Services на заемодавателите, заемопримателите и на другите даватели на услуги им овозможува електронско потпишување, чување, пристап и управување со правни документи за кредитирање, а таквата соработка значително ја забрзува постапката за одобрување хипотекарни кредити.
  • XMPie®, претпријатие во сопственост на компанијата Xerox, нуди индивидуализирани решенија за управување со комуникациите, како производот StoreFlow™ – сèопфатно решение за печатење содржини од веб, што овозможува создавање на интернет-продавници маркетинг портали, како и управување со нив.
  • Xerox Ignite™ Educator Support System, решение за текот на работата и софтвер, што ги префрла ученичките задачи поправани со рака во доменот на дигитална аналитика, а на наставниците им го забрзува оценувањето на материјалот.
  • Midas+ Solution Suite е интегриран пакет на софтверски апликации за болници кој нуди многу: од управување со случаевите на болните и објективна споредба на податоците до подобрување на перформансите и известувања во склад со прописите.

 

Дознајте повеќе за Xerox Enterprise Content Managementu на http://www.xerox.com/ecm.

Претходна статијаSamsung го претстави Galaxy K zoom, хибрид на телефон и камера
Следна статијаAcer Aspire Switch 10: уред кој се менува во 4 позиции