После достигнувањето на оваа бројка на месечно ниво, на почетокот од минатата година, WhatsApp сега информира дека сервисот напредува одлично и сега бројката од 1 милијарда корисници се постигнува на дневна база.

Можеби оваа апликација не е меѓу најмногу користените во нашата земја, сепак нашите корисници во главно се на Viber и Messenger, во светот, а посебно на запад, WhatsApp е меѓу најкористените вакви апликации.

Овие бројки воопшто не изненадуваат и покрај фактот што конкуренцијата е голема и корисниците имаат избор од повеќе апликации. Сите ние користиме по неколку апликации за разговори, па поради тоа и тие успеваат на пазарот и покрај големиот избор.

Инаку за потсетување, WhatsApp е во сопственост на Facebook уште од 2014 година, што ја прави оваа компанија можеби најголемата на пазарот за интернет комуникација. Messenger од Facebook веќе одамна ја достигна бројката од милијарда дневни корисници, па заедно со WhatsApp, Facebook слободно може да се каже дека е главниот играч на пазарот.

Извор: WhatsApp, TNW, TechCrunch

Претходна статијаУште 8 дена до најголемиот спортски настан во Македонија
Следна статија“Firmware” за Apple HomePod го најавува дизајнот на iPhone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.