По два успешни настани, Валосо Хуб со задоволство Ве поканува на третиот Tech.O настан закажан за 26 април. Како и на претходните два настана присутните ќе имаат можност да слушаат тројца  интернационални говорници кои ќе зборуваат на теми поврзани со ИТ и бизнис.

Доколку не сте запознаени,Tech.O е ексклузивен месечен настан кој ја обединува македонската ИТ и бизнис заедница, односно претприемачи, сопственици на стартап компании, ИТ експерти, инвеститори и  талентирани млади личности.

Tech.O е познат како настан кој промовира споделување на бизнис идеи и искуства, запознавање на најновите трендови во индустријата и основање на деловни контакти. Овој настан исто така отвора нови инвестициски можности за веќе постоечки компании, но и за поединци со иновативни бизнис идеи.

Можете да видите како се одвиваше минатиот настан на следното видео:

Ако сакате да бидете дел од Tech.O, регистрирајте се.

Настанот е закажан за 26 април со почеток во 18 часот во просториите на Валосо Хуб. Повелете!

Повеќе информации и комплетната програма за вечерта, можете да најдете на официјалната веб страна.

Претходна статијаКакви се технологии развива Facebook?
Следна статијаGoogle го превзема бизнисот на LinkedIn