sony-restart

Живееме во време на брзање и вршење на повеќе активности одеднаш. Опкружени сме со информации и можности од сите страни, што доведува до потребата да едноставни активности, бидат максимално поедноставени.

Затоа, се поставува прашањето, зошто за да го рестартираме нашиот телефон, треба да го исклучиме, односно да чекаме целосно да се исклучи, за да повторно стиснеме на power копчето и телефонот да се вклучи.

Повеќето производители на Android уреди, во нивните верзии од оперативниот систем вградуваат копче за оваа намена. Ова копче обично е ставено во делот кој што се појавува при подолго притискање на power копчето.

Оваа можност сепак не е дел од основниот Android, односно од неговиот код, па секој кој што сака да ја додаде, треба да вклучи дополнителен код кој што треба да биде развиен од нивна страна.

Од Sony сметаат дека Google треба да ја вклучи оваа можност во основниот код на оперативниот систем, а со тоа секој кој што го менува за свои потреби, да има што помалку за менување.

Ова барање од компанијата го имаат поднесено на AOSP форумот за следење на проблеми и предлози.

Сепак, ова не е нешто ново и веќе е едно од најмногу бараните вакви работи за Android. Од Google досега немаат покажано спремност да вклучат една ваква можност, па ќе биде интересно да се види дали вклучувањето на Sony во барањето, ќе направи некаква промена.

Инаку, рестартирање на уредот не ретко е потребно после инсталирање на одредена надградба, а исто така се препорачува да се прави од време на време, посебно кога се забележува пад на перформансите на уредот.

Извор: Ubergizmo, Android Police, AOSP Issue Tracker

Претходна статијаСледната верзија од Google Glass веројатно се појави пред FCC
Следна статијаНовиот Samsung Bio-Processor ќе ги направи новите фитнес уреди многу поспособни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.