SamsungOne-Typeface_Main_1

Samsung претстави нов фонт којшто е специјално развиен од нивна страна и ќе се користи во сите нивните производи. Можеби за голем дел од корисниците, фонтот којшто се користи во производите не е нешто што прави разлика, а доста воопшто не го ни забележуваат.

Сепак, една од главните работи во работата со брендот на една компанија е унифицирање на скоро сите делови, вклучувајќи ги и фонтовите, со цел градење на препознатливост и издвоеност од останатите.

Во следното видео од компанијата го објаснуваат развојот на нивниот нов фонт, па може да се добие и подобра претстава за тоа што планираат да постигнат од компанијата.

Не е точно истакнато кога ќе почне да се користи овој нов фонт, меѓутоа тоа најверојатно ќе биде во производите коишто ќе почнат да излегуваат од сега, па натаму.

Инаку, фонтот ќе се користи во мобилните телефони, односно на Android системот, но и на другите производи како телевизори, фрижидери и слично. Фонтот исто така ќе најде примена во рекламите на Samsung кои се дел од маркетинг стратегијата на компанијата.

Фонтови кои се развиени од самата компанија или барем присвоени имаат повеќето големи компании. Очекувано за големите компании е да издвојуваат голем дел од своите ресурси во маркетинг цели кои се важен дел од работата на една компанија.

Извор: Samsung, The Verge

Претходна статијаMicrosoft сепак најде начин да ја продолжи понудата за бесплатна надградба на Windows 10
Следна статијаStar Trek: Discovery е името на новиот серијал од култната серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.