Инвестиција од 14 милијарди долари за истражување и развој во 2017 година, за поддршка на IoT иновациите;
Апликацијата SmartThings ќе биде пуштена за употреба оваа пролет;
Сите Самсунг вмрежени уреди ќе бидат збогатени со интелигенција до 2020

Лас Вегас, САД- 9. Јануари, 2018 – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd) на Саемот за Потрошувачка Електроника 2018 (Consumer Electronics Show 2018 CES 2018) ја претстави својата визија и стратегија за интелигентни Internet of Things (IoT) искуства.

За време на прес конференцијата, Самсунг ја претстави својата уникатна способност беспрекорно да ги поврзе потрошувачките искуства преку Самсунг уредите во домот, во канцеларијата, како и додека сте во движење. Самсунг работи на тоа да ги направи сите Самсунг продукти достапни за IoT до 2020. Покрај тоа, компанијата го најави својот план  за унапредување и усвојување на IoT преку отворена, конзистентна и интелигентна платформа.

Во Самсунг веруваме дека IoT треба да биде едноставен за користење. Со новите најавени продукти и сервиси, ние го правиме IoT беспрекорен и полесен за употреба. Посветени сме на забрзувањето на усвојувањето на IoT за сите. Сакаме да ги направиме сите Самсунг поврзани уреди интелигентни до 2020 година. Овие достигнувања ќе им помогнат на потрошувачите да ги сфатат придобивките од беспрекорен и едноставен поврзан живот.“ рече Хјунсук (ХС) Ким ( Hyunsuk (HS) Kim ), Претседател, Раководител на Одделот за Потрошувачка Електроника во Самсунг и Самсунг Оддел за Истражувања.

Интелигенција на Нештата за Сите

Филозофијата за IoT на Самсунг е изградена врз отворени иновации што го прават достапен за повеќе луѓе, а кога е збогатен со интелигенција, може да го персонализира нивното искуство. Денешниот фрагментиран и комплексен IoT екосистем е пречка за адаптирањето. За да може IoT да биде пристапен и достапен, потребно е скалирање и отворена иновација. Благодарение на богатото портфолио на производи, вклучувајќи телевизори, разни видови апарати и паметни телефони, како и лидерство на Самсунг за испорака на 5G конекција, Самсунг е добро позициониран да овозможи отворен IoT екосистем преку SmartThings.

Самсунг работи со работи со партнери, како Open Connectivity Foundation (OCF), со цел утврдување на заедничките индустриски стандарди. Фондацијата OCF е најголемото тело за стандардизација на IoT во светот, а ARTIK чипот на Самсунг, клима уредот и фрижидер Family Hub веќе се сертифицирани од страна на Здружението за Интероперабилни Критериуми, потребни за IoT.

Оваа пролет Самсунг ќе ги обедини своите IoT апликации, вклучувајќи ги Samsung Connect, Smart Home, Smart View и многу повеќе, во “SmartThings“  апликацијата. Со оваа апликација се овозможува поврзување и контрола на сите уреди преку телефоните, ТВ уредите и автомобилите на корисниците, кај уредите каде истата е овозможена. Самсунг најави  планови да ги поврзе “HARMAN Ignite“ и “SmartThings Cloud“, доближувајќи го IoT искуството надвор од паметните домови до автомобилите. Како резултат на тоа, потрошувачите ќе можат да управуваат со нивниот “поврзан“ дом од автомобилот и обратно.

Составен дел од Самсунг визијата е да ги поврзе уредите и да ги направи интелегентни. Со Бигзби (Bixby), Самсунг ја носи својата персонализирана интелигентна служба на повеќе уреди. Во 2018, селекција на паметни ТВ уреди и новиот Family Hub фрижидер ќе имаат гласовна контрола преку Бигзби, со цел да се поедностават секојдневните обврски. Преку заедничкото работење на уредите и сервисите и нивно збогатување со интелигенција, активностите во домот стануваат полесни.

Бидејќи зголеменото поврзување бара подобрена безбедност, Самсунг објави дека ја вгради својата доверлива технологија на Samsung Knox во своите поврзани уреди, вклучувајќи ги и паметните ТВ уреди и “Smart Signages“, дополнителните производи за мобилни уреди и паметните уреди. Knox технологијата вклучува хардверски систем за безбедност и надградби на фирмверот за да се осигури дека уредите се заштитени.

Градење на Поврзана Иднина

Самсунг ја нагласи својата постојана посветеност на инвестирањето во технологиите кои допрва се пробиваат на пазарот. Во 2017 година, Самсунг потроши повеќе од 14 милијарди долари за истражување и развој. Компанијата, исто така, ги зголеми инвестициите преку Samsung NEXT – клучна иницијатива за забрзување на трансформацијата во интегрирана хардверска и софтверска компанија.

Самсунг исто така создаде и нов Центар за Вештачка Интелигенција (AI Center) како дел од својата ново-консолидирана единица за истражување на Самсунг. Центарот за Вештачка Интелигенција ќе вклучува четири лабаратории во Торонто, Монтреал, Кембриџ (Велика Британија) и Русија во 2018, а ќе биде поврзан со тековната работа на Самсунг во Кореа и Силиконска Долина, како и мониторинг активностите и анализите на Компанијата за насочување на своите амбиции поврзани со ваштачката интелигенција кон идни успеси.

Беспрекорни искуства со уредите

Новите производи и услуги најавени на CES 2018 покажаа како Samsung напредува во создавањето на беспрекорни искуства со IoT.

  • Во Домот: Почнувајќи од оваа година, Samsung Smart TV ќе создаде поврзувачки материјал помеѓу уредите за да обезбеди едноставно најавување за корисниците, од моментот кога телевизорот ќе биде изваден од кутијата во која е спакуван. Новиот Family Hub фрижидер нуди широк спектар на паметни функции, како синхронизирање на складираните намирници со оние потребни при подготовка на храна, со што на членовите на семејството им нуди поголема организираност и подобра поврзаност. Паметните ТВ уреди на Самсунг, како и Family Hub фрижидерот, ја имаат и функцијата Bixby, овозможувајќи им на телевизорите пристап до апликации, можност за брзо пребарување на филмови според жанр и актери, и прикажување на лични фотографии, додека Family Hub фрижидерот ќе може да препознае индивидуални гласови на членовите на фамилијата и да дава информации како вести, временска прогноза и календарски ажурирања. Самсунг паметните ТВ уреди и Family Hub фрижидерот исто така ќе бидат поврзани на единечна “cloud“ платформа – “SmartThings Cloud“, која ќе служи како паметна табла за мониторинг и контрола на поврзаните уреди.
  • Во Канцеларијата: Самсунг го редефинира концептот на традиционалната канцеларија со флексибилни решенија кои одговараат на потребите на модерната работна сила додека сте во движење. Samsung Notebook 9 Pen носи моќ, преносливост и перформанси на таблет компјутерот за оние за кои што работата не завршува кога ќе ја напуштат канцеларијата. Интерактивниот, дигитален флипчарт од 55-инчи на Samsung Flip, ја поедноставува соработката во канцеларијата преку беспрекорно поврзување на паметните телефони и преносните компјутери на членовите на групата, за побрзо споделување на идеи и содржини. До четири различни учесници можат да воведат содржина или да се вклучат во интеракција директно на екранот, во исто време, со помош на нивните прсти или вграденото пенкало.
  • Мобилност: Самсунг помага во водењето на транзицијата кон 5G мрежите кои ќе започнат во нов свет на поврзани искуства. Самсунг соработува со безжични оператори и провајдери на услуги за да ги спроведе првите кориснички истражувања на 5G поврзување со 100 пати поголеми брзини од 4G LTE, достапни на телефоните денес. Со 5G конекцијата Самсунг ја демонстрираше својата визија за поудобно возење.  Samsung Digital Cockpit покажува колку автомобили ќе станат беспрекорно поврзани со другите “нешта” како дел од IoT. Новиот дизајн на панелот, заедно со Бигзби, им овозможува на возачите лесно да го контролираат искуството во автомобилот и поврзаните уреди дома преку глас, допир, гест и тригери базирани на контекст. Патниците, исто така, можат да уживаат во ултра-брзи стриминг филмови додека се во движење. Првата од ваков вид 5G оспособена Единица за Контрола на Телематика (Telematics Control Unit TCU) може побрзо да превзема и испраќа податоци и овозможува комуникација помеѓу возилото и се останато, поставувајќи ја основата за подобро автономно возење.

За повеќе информации за Самсунг на Саемот за Потрошувачка Електроника (CES), посетете ја страната: https://news.samsung.com.

Претходна статијаSamsung ја проширува својата палета премиум машини за перење алишта со нов модел
Следна статијаFisker EMotion ќе го засени Model S на Tesla