Galaxy-S7-Edge-768x778 copy

На сите коишто го следиме светот на мобилните, односно паметните телефони, познато ни беше дека Samsung имаше проблеми со продажбата на своите главни модели изминатите години.

Тоа не значи дека компанијата беше блиску до пропаѓање, далеку од тоа, но сепак падот на популарноста на Galaxy S моделите, можеше да се види и директно во приходите и профитот на компанијата.

Причината за падот на популарноста на претходните модели од S серијата во главно се должеше на задржување на истиот дизајн на уредите, без новини кои ќе ги мотивираат корисниците да го променат својот моментален модел. Исто така, големи критики почна да добива TouchWizz „скинот“ од Samsung кој непотребно го усложнуваше основниот Android.

По претставувањето на новите S7 модели, веќе можеше да се види дека оваа година не би требало да го продолжи негативниот тренд на Samsung. Новите модели имаат одличен дизајн, а можеби најважно од се, TouchWizz е значително променет, а се очекува и дополнително негово средување.

Според финансиските извештаи кои ги објави Samsung оваа недела за втората четвртина од оваа година, тие имаат направено најголем профит за изминатите 2 години.

Приходите на компанијата изнесувале 45,2 милијарди долари, што претставува раст од 5% во споредба со минатата година, додека оперативниот профит изнесува 7,22 милијарди долари, раст од дури 18%.

Од извештајот може да се види дека главната заслуга за успешните резултатите може да се препише на новите Galaxy S7 и S7 Edge модели. Дури половина од приходите и профитот доаѓа од мобилната дивизија во компанијата, а од таму истакнуваат дека имале одлични продажби на новите модели.

Извор: The Verge

Претходна статијаXiaomi Redmi Pro е најмоќниот “Redmi” досега, повторно со достапна цена
Следна статијаXiaomi Mi Notebook Air е евтина, но моќна и квалитетна „копија“ на MacBook Air
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.