deconstructed_fma_small

Harman е една од најпознатите компании од САД која можеби на повеќето корисници им е позната по своите производи во аудио индустријата. Тие се сопственици на неколку брендови, меѓу кои и познатиот JBL.

Сепак, компанијата е „голема“ и на автомобилскиот пазар, поточно во производството на системи за автомобилите. Тие произведуваат аудио системи, но поважно таканаречените „infotainment“ системи кои им овозможуваат повеќе функции на автомобилите.

Samsung оваа недела постигна договор за купување на оваа компанија за сума од 8 милијарди долари. Договорот треба официјално да биде реализиран до средината на идната година, а компанијата ќе продолжи да функционира како посебна и да ги развива своите технологии.

Од Samsung истакнуваат дека производите и технологиите кои ги развиваат во Harman, во комбинација со нивните, претставуваат перфектен додаток, а посебно во плановите кои ги имаат за автомобилската индустрија.

Harman има бизнис кој во последните 12 месеци заклучно со септември оваа година има донесено дури 7 милијарди долари. 65% од оваа сума се поврзани со автомобилската индустрија, а компанијата има склучено договори со повеќе познати автомобилски производители, што покажува дека е еден од клучните играчи на пазарот.

Samsung со овој договор треба посериозно да влезе на пазарот на автомобилите кој моментално, покрај другите, кога се работи за познатите ИТ компании, е доминиран од страна на Google и Apple со нивните не така одамна претставени решенија.

Извор: Samsung, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаПрви информации: Huawei P10 ќе биде супер моќен смартфон?
Следна статијаBlackberry повторно ќе лансира телефон со хардверска тастатура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.