Најголемиот производител на техника во светот би можел наскоро да се подели на две компании. Од Samsung веќе ја разгледуваат можноста за поделување на компанијата, иако засега се воздржуваат од коментари за тоа дали ќе има поделба.

Ова е уште една лоша вест за компанијата, која се уште се опоравува од повлекувањето на Galaxy Note 7 од производство, еден од нивните најпрофитабилни уреди. Samsung имаше и проблем со експлозија и на машини за перење алишта, по што повлече преку 2,8 милиони во сервисите во САД.

Веста за поделба на Samsung доаѓа од Elliott Management, компанија со заштитен фонд. Според нив, Samsung Electronics ќе биде поделен на компанија за потребите на раководството и сопствениците и компанија насочена кон бенефит на акционерите.

Поделбата на компанијата е помалиот потрес во целата приказна. Според Elliott Management, корејската компанија ќе треба да плати 26 милијарди долари во дивиденди и да врати 75% слободен ќеш на инвеститорите. Исто така, со овие промени Samsung Electronics ќе мора да назначи и независни директори.

За корисниците сето ова не мора да значи премногу, односно уредите кои ги има сега од Samsung скоро со сигурност ќе ги гледаме и понатаму. Ова нема ни да ги ограничи иновациите на компанијата. Всушност, слична поделба неодамна направи Google, кој сега е под мајка компанија со име Alphabet, заедно со многу други различни компании.

Извор: Cult of Mac, Reuters, Forbes

Претходна статијаМенторските сесии за натпреварот „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ се доближуваат до самиот крај
Следна статијаAndroid Nougat 7.1.1 достапен на Google брендираните телефони од 5 декември