Во пресрет на новогодишните празници, операторот Неотел за домашните корисници креираше посебна понуда која вклучува нови интернет и ТВ пакети со попуст од 50 отсто во првите шест месеци. 

(Скопје, 28.11.2017) – Нови ултра брзи пакети со брзина на интернет од 1 Gbps и од 300 Mbps и можност за претплата намалена за 50 отсто во првите шест месеци за сите нови договори е најновата понуда на телекомуникацискиот оператор Неотел. Во пресрет на новогодишните празници креирана е посебна понуда наречена „Среќна нова брзина“ која важи до 15 јануари идната година. Новите домашни корисници можат да одберат некој од пакетите само со супер брз интернет или, пак, некој од оние со интернет и ТВ.

Оние што ќе склучат договор на две години можат да изберат еден од шесте Net и Fiber интернет пакети, со месечна претплата од 395 до 1.595 денари во првите шест месеци, при што четири пакети се со оптички супер брз интернет. Корисниците од Скопје, Тетово, Битола и Куманово можат да одберат и пакет Fiber Total со брзина до 1 Gps и 10000 GB вклучен оптички интернет. За ЛТЕ пакетите со брзина до 30 Mbps, корисниците добиваат тест период од еден месец, а веднаш по склучување на договорот може да го подигнат пакетот и да започнат со употреба со едноставно вклучување во струја.

На оние кои сакаат покрај интернет да имаат и пристап до голем број ТВ канали, во промотивниот период, на располагање им се шест neoTrio пакети со цени од  595 до 1.745 денари во зависност од бројот на ТВ канали и брзината на интернет пристапот. Пакетот neoTrio Total, пак, по промотивна цена е достапен за корисниците од Скопје, Тетово, Битола и Куманово и нуди до 90 ТВ канали како и 10000 GB вклучен интернет со супериорна брзина од 1 Gbps.

Повеќе информации за најновата, новогодишна понуда на Неотел се достапни на следниот линк.

Претходна статијаКвантната енкрипција достигна доволно високи брзини за заштита на телефонски повици
Следна статијаMicrosoft додава „табови“ во сите нивни апликации во Windows 10