windows-10-continuum

Минатата недела можевме да прочитаме дека Windows 10 Consumer Preview, тест верзија наменета за обичните корисници, може да се очекува на почетокот од идната година. Microsoft го најави ова на претставувањето на Windows 10, меѓутоа не даде повеќе и поконкретни информации за точниот период и слично. Финалната верзија од овој оперативен систем се очекува за периодот после Април, а можно е таа да биде достапна дури и во Септември.

Денеска информациите доаѓаат од познатиот портал The Verge чии што извори информираат дека Microsoft планира посебен настан некаде на крајот од Јануари идната година. Овој настан треба да биде поголем од тој кога за првпат беше претставен оперативниот систем и на него треба да бидат прикажани повеќе од функциите наменети за обичните корисници.

Тој период од годината се одржува CES настанот на кој што Microsoft треба да биде присутен, но според изворите Windows 10 настанот ќе биде посебно организиран.

Она што се очекува да биде исто така претставено на овој настан е и како ќе изгледа оваа верзија од оперативниот систем на мобилните телефони, како и таблет компјутерите. Тука е вклучено и претставувањето на само кратко прикажаниот Continuum кориснички интерфејс кој што треба да биде комбинација на десктоп околината со модерната за хибридните уреди.

Според изворите на The Verge, Microsoft треба да го најави одржувањето на настанот до крајот на оваа година.

Извор: The Verge

Претходна статијаTwitter ќе почне да следи кои апликации ги имате на вашиот уред
Следна статијаМожно купување на Email компанијата Acompli од страна на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.