MS-Linkedin-2016-06-12-1-c

Денеска се одржува MWC 2016 на Apple, меѓутоа дефинитивно може да се каже дека Microsoft ја презема веста на денот. Тие објавија дека имаат постигнато договор за целосно купување на LinkedIn, на сите познатата бизнис социјална мрежа.

Купувањето на компанијата е договорено да биде во кеш, односно целосно плаќање на вредноста на акциите по договорена сума од 196 долари по акција, што ја прави зделката со вредност од 26,2 милијарди долари.

Се работи за огромна зделка, а и првата од овој обем од кога е директор Сатја Надела. Под негово водство компанијата ја промени својата бизнис стратегија и почна да инвестира во сервисите прифаќајќи ја реалноста дека нивниот Windows веќе не може да се смета како главната платформа на пазарот.

LinkedIn е најавено дека ќе ја задржи својата независност, односно ќе продолжи да функционира како и досега. Директорот на компанијата Џеф Винер ќе остане на својата позиција, со тоа што сега ќе одговара на Microsoft, директно на Сатја Надела.

Оваа зделка ги донесува заедно светски водечкиот професионален облак со светски водечката професионална мрежа. Јас учев за LinkedIn веќе одреден период додека исто така зимав во предвид како мрежите може навистина да ги диференцираат сервисите во облакот. Јасно ми е дека LinkedIn тимот има развиено фантастичен бизнис и импресивна мрежа од повеќе од 433 милиони професионалци. – истакна Сатја Надела во имејл пораката испратена до вработените.

Со најновата зделка дел од компанијата станува оваа навистина успешна бизнис мрежа, нешто што беше цел на Microsoft веќе одреден период. На ова се разбира треба да се гледа како повеќе од потенцијалната заработка којашто може да биде генерирана.

Дел од LiknedIn е и познатата платформа за учење Linda, којашто сега станува исто така дел од Microsoft. Сите овие сервиси ќе бидат на некој начин повеќе интегрирани во веќе постојните сервиси од Microsoft, како Office 365, Skype и слично.

Извор: Microsoft (1), (2), The Verge, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаНови трејлери што треба да ги ѕирнете
Следна статијаFacebook со поддршка за панорамски слики и видеа како коментари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.