Инженерските компании кои израснаа во технолошки гиганти во послдните две децении се во главно составени од млади и паметни луѓе, кои одбиваат да се повинат на досадната корпоративна средина и дизајн.

Покрај Google, Samsung и Apple, сега и Facebook го откри својот самошто-завршен нов главен простор каде што ќе биде сместена компанијата во Менло парк, Калифорнија. Тоа што е навистина интересно е што на кровот на огромниот простор се простира цел парк од 3,6 хектари, испресечен со дрвја, зелена површина и градини со разни растенија. Секако, секаде има безжичен Интернет за да може да се работи и да се проверуваат известувања за промени на Facebook профилот.

Внатрешнината на зградата е дизајнирана во познатиот стил на главниот архитект, Френк Гери, кој е одговорен за Концертната сала „Волт Дизни“ во Лос Анџелес, Гугенхеим музејот во Билбао, и други интересни зданија. Неговиот стил некогаш изгледа намерно „недовршен“, но тоа е само илузија бидејќи неговиот концепт за дизајнирање на простории се такви кои можат понатаму да се „довршуваат“ со нови детали од страна на самите нивни корисници.

Погледнете ги фотографиите и заблазнувајте се со прекрасните глетки од кои застанува здив. Ваквиот дизајн можете да го земете како пример ако размислувате на преуредување на вашите работни простории за да станат подобро место за вашите работници и за вас.

Извор: Wired, 7×7, India Times

Претходна статијаWhatsApp воведува повици за сите Android корисници
Следна статијаProdoTech Titanio 29er – ултралесен електричен велосипед