typo-keyboard

Typo е додаток за iPhone кој што му додава на телефонот физичка тастатура со изглед како познатата тастатура на BlackBerry мобилните телефони пред претставување на модел со екран на допир. Од BlackBerry решаваат да покренат судска постапка против развивачите на оваа тастатура, обвинувајќи дека нарушуваат патент кој што го има оваа компанија. Одлуката не е конечна, односно истата е привремена до завршување на судската постапка, меѓутоа досегашните информации и случувања говорат дека истата може да остане.

BlackBerry направи најголем успех со телефоните кои што користеа ваков стил на тастатура и има информации дека тие планираат повторно претставување на мобилен телефон кој што не е целосно со екран на допир. Тие исто така сметаат дека корисниците ги користат нивните мобилни телефони баш поради тастатурата, па постоењето на ваков производ ги таргетира нивните потенцијални корисници.

Во продолжение можете да погледнете видео во кое што е претставена Typo тастатурата.

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаMicrosoft нема да пребарува податоци на нивните сервери без судски налог
Следна статијаПретворете го вашиот мобилен во термометар со Thermodo
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.