Apple

Веќе извесно време трае сагата во која се вовлече Apple. Компанијата од Купертино ја тресе првиот крупен скандал, речиси од своето основање.

Како што е познато, тие прзнаа дека нивните мобилни уреди од марката iPhone ја намалуваат својата процесирачка моќ со текот на времето, бидејќи нивната батерија старее. Ова се однесува на моделите серија 6, 6S и SE.

Во обид да се искупи пред своите купувачи Apple реши да го „одврзе“ сопствениот буџет. Имено замената на батериите, која вообичаено чини 79$, сега ќе биде достапна за само 29$. Според некои извори, попустот важи и за оние корисници чии iPhone-и го поминуваат тестот за издржливост на батеријата. Вообичаено, дури ни под гаранција, батеријата не би била заменета доколку има над 80% од оригиналниот капацитет.

За корисниците на iPhone 6 или било кој понов модел ова е одлична прилика. Замената на батеријата сега би ги чинела помалку од половина од вообичаената цена. Дополнително, што попустот ќе важи заклучно со декември 2018-та година. Компанијата се обврза и да вклучи алатка за дијагностицирање на состојбата на батеријата во некое наредно iOS дополнување.

Да потсетиме, целта на успорувањето на уредите била за да се продолжи животниот век на истите и да се спречат ненадејните исклучувања. Ова го искористија конкурентските компании кои побрзаа да истурат „дрва и камења“ врз Apple во цели на самопромоција.

Извори: TrustedReviews, MacRumors, iGen

Претходна статијаСериозен сигурносен пропуст пронајден во процесорите од Intel
Следна статијаЛоган Пол и гневот на интернет заедницата